Уверете се сами: Овој фустан е најголем хит на Инстаграм

Речиси секоја поугледна модна инфлуенсерка го поседува

Инстаграм постојано „исфрла“ некој тренд, а судејќи според фотографиите на највлијателните модни блогерки – овој фустан е најголемиот хит на Инстаграм во моментов и задолжително парче во гардероберот на секоја трендсетерка.

Станува збор за фустан од брендот Next, со миди-должина, кој се закопчува во предниот дел, има голи раменици кои ги прекрива шармантен карнер, а доаѓа во неколку варијанти: со додадени прерамчиња, со мрежеста структура на ткаенината…

Моделот совршено се комбинира со сандали на платформа, шешири од слама и со плетени торби (кои се апсолутен моден хит за ова лето!), па затоа и не треба да изненадува што е толку многу популарен.

Нам ни се допаѓа, а вам?

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време