По два пропаднати брака, Софија најпосле е во врска со жена: Сите ја обвинуваат дека го измамила маж ѝ!

Наводно, тој не знаел дека таа е геј

„Чувствувам дека дури сега можам слободно да дишам“ рече актерката Софија Буш, којашто јавно се декларираше како квир, т.е. како личност којашто сака и мажи и жени

Актерката Софија Буш, која има 41 година и два неуспешни брака зад себе, потврди дека сега е во љубовна врска со Ешли Харис, спортистка, и дека никогаш не очекувала таква љубов.

Меѓутоа, Софија тврди дека сите нејзини поранешни мажи и момчиња знаеле дека ја привлекуваат жени и дека на сите им го признала тоа.

„Чувствувам дека дури сега можам слободно да дишам“, изјави, откако јавно го сподели признанието дека е „квир“.

Ешли Харис ја запознала во 2019. година, а кога се развела од сопругот Грант во 2023-та, започнала врска со фудбалерката.

„Не знам како поинаку да го опишам тоа освен дека не знаев, додека не пробав,“ вели актерката која пред бранкот со Грант, му беше жена на Чед Мајкл Мареј од 2005-та до 2006. година.

Софија објаснува дека прво биле пријателки со Ешли, дека разговарале со часови и се дружеле додека не станале свесни за поврзаноста. Ешли има две деца од Али Кригер, разведена е и сега е во среќна врска со актерката. Софија вели дека тешко ѝ паѓаат приказните за тоа дека го оставила сопругот поради жена, но тоа не е вистина:

„Момците отсекогаш знаеја дека ме привлекуваат и жени. Никогаш во животот не сум била почесна… На крајот од денот, знам дека нема ништо за коешто би требало да се извинам.“

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More