Актерката го запали Инстаграм со ЖЕШКА фотка во костим за капење: Го промовираше својот бренд, а патем го покажа и свршеничкиот прстен! (ФОТО)

Мили Боби Браун во видеото објавено на Инстаграм ја покажа својата сензационална фигура во виолетови бикини додека се подготвуваше за базен. Актерката изгледаше неверојатно додека позираше во дводелен костим за капење.

Ѕвездата на Stranger Things Мили Боби Браун потоа облече модерни зелени шорцеви од нејзината модна линија Florence by Mills и додатоци со златен привезок „M“. Оставајќи ја долгата коса да ѝ паѓа слободно, Мили го покажа и свршеничкиот прстен додека нанесуваше сјај за усни од својот козметички бренд.

Актерката го додаде хит-синглот Glitch на Тејлор Свифт во видеото и едноставно напиша:

Подготвена за на базен“.

Инаку, Мили ја лансира својата модна компанија во јануари по успехот на нејзината линија за убавина Florence by Mills. Покрај фармерки и тексас-шорцеви, брендот нуди и секојдневна облека, панталони, маици, џемпери и друго.

Тоа е мојата секојдневна гардероба, поради што ми беше толку лесно да го дизајнирам брендот. Носам салонки секој ден.

Актерката откри и дека не носи фармерки.

Мојот свршеник Џејк Бонгиов ретко ме гледа во фармерки.

Актерката откри дека сака да креира облека прифатлива и за нејзините обожаватели. Таа ги слуша и повратните информации на своите следбеници за нејзиниот бренд.

На веб-страницата на нејзиниот бренд пишува дека многу од материјалите што се користат за изработка на облеката потекнуваат од рециклирани влакна за заштита на животната средина.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.