Додека тој се труди да ѝ угоди на сегашната, неговата прва жена му ги чува децата и заработува милиони – дури сега сфаќа што изгубил!

Како живее поранешната жена на Бен Афлек?

Поранешната сопруга на Бен Афлек никогаш не живеела подобро, додека истовремено се труди да ги изведе нивните деца на прав пат

Поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, била фотографирана додека го враќала синот од училиште, а она што на многумина им паднало в очи е дека никогаш претходно не изгледала подобро!

Таа е една од ретките актерки што не предизвика скандал по разводот. Наместо тоа, максимално им се посвети на децата и на развојот на приватен бизнис. Папарацо-фотографиите од неа генерално прикажуваат како ги носи децата на училиште и на тренинг.

Џенифер се има остварено во секоја смисла, а ужива и во љубовта со Џон Милер, директор на компанијата CaliGroup со кого е веќе 4 години во врска.

Бизнисот Once Upon a Farm, која произведува кашички за бебиња, ѝ носи големи пари. Џенифер Гарнер во една пригода открила дека ѝ цветаат рози на професионален план:

„Бизнисот многу порасна. Всушност, минатиот пат кога бевме овде заработувавме милион долари, а сега, до крајот на оваа година, имаме 100 милиони долари заработка!“

Гарнер открила дека нивните производи се продаваат во повеќе од 11.000 малопродажни места ширум Америка, како и дека имаат добро развиена онлајн продажба и достава. Се очекува работата и заработката да им се удвојат сега кога преминале на производство на ужини за на училиште.

Во меѓувреме, се шушка дека на господинот и госпоѓата Афлек не им оди сè по планот. Сè уште имаат големи проблеми, кои не исчезнаа со стапувањето во брак, како што е проблемот со алкохолот на Бен, кој веќе не може да се контролира. Исто така, се коментира и тоа што актерот не се појави на Мет Гала, и покрај тоа што неговата поубава половина беше една од домаќинките на настанот.

Ќерката на Бен Афлек веќе не е женско: Го променила идентитетот, па приредила ШОК на погребот на дедо ѝ!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе