Априлијада: Во продажба е новиот број на „Убавина и здравје“

Ви откриваме дел од содржините што ќе ги читате во априлскиот број на најтиражниот лајфастл-магазин во регионот.

Април е многу убав месец! Ако не знаевте, името април потекнува од латинскиот збор aperire, што значи отворање. Ова се однесува на пролетното будење на природата и растенијата. И тоа е само по себе прекрасно, но убавината на месецов е и во неколку важни датуми кои се одбележуваат во светски рамки. Покрај првиот, добро познат Ден на шегата, месецов има неколку важни датуми на кои би можела да ве потсетам.

Светскиот ден на здравјето, кој се слави на 7 април, бидејќи на тој датум во 1948 година е основана Светската здравствена организација и е една од водечките организации кои се занимаваат со темата. Треба да се спомене и еден од поновите светски денови, а тоа е Светскиот ден на креативноста и иновативноста, кој кај нас сè уште не е толку познат, но со оглед на тоа дека копирањето и компилирањето се сè позастапени, би било добро малку повеќе да се истакнува и слави креативноста и, секако, иновациите.

Важен ден е и 22 април, кога го славиме Денот на планетата Земја. Овој ден е посветен на подигање на свеста за заштита на животната средина на Земјата. А само еден ден потоа се слави Светскиот ден на книгата и авторското право.

Мене лично од романтични причини ми е многу значаен и четвртиот и триесеттиот ден во овој месец, така што, добре дојде, супер си Априле. Во редакцијата имаме чувство дека април брзо ќе помине, затоа препорачуваме и што повеќе активности во природа – искористете ги топлите и убави денови и уживајте во нашите приказни кои ги креиравме за вас.

Следниот месец славиме роденден, 16 години со вас!

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во продолжение, прочитајте што ве очекува во априслкиот број на „Убавина и здравје“.

УБАВИНА&ЗДРАВЈЕ

АПРИЛ 2024

У&З тренд

9 Размислувај зелено!

10 „Шанел“ во мечтите

12 Нашата нова опсесија

14 Обожаваме филмови за храна

16 Напред за дигиталните номади

У&З жени

20 Доц. д-р Ангела Миленковска: Среќна жена е таа што верува во себе

26 Разговор со Анѓелка Стевиќ Жугиќ

30 Која е Џенифер Лопез сега?

34 Димитар Андоновски: Грижата за домот е тимска работа

36 Проф. д-р Венера Крлиу: Размислуваме глобално, дејствуваме локално

Убавина и стил

40 Постигнете изглед од 1980-тите

44 Енергијата на косата

49 Сензуалност без компромиси

50 Fokabo: Градска модна приказна

56 Бои во фокусот

Вити и здрави

59 Интроверт, екстроверт или амбиверт: Кој цвет сте вие?

65 Научете да поставите граници

66 Како да се постигне топ-форма по породување?

У&З живот

68 Што треба да избегнувате при уредување на домот

72 Оаза на мирот

76 На шарениот спектар

80 Забавата никогаш не замира на Тајланд

84 У&З-ѕвезди од супермаркетите

91 Веге-инспирација

95 Давид Јанакиев: Актерот мора да има емпатија

96 Ана Марија Јанковиќ: Родена сум под среќна ѕвезда

98 Фросина Пармаковска ни одговара на прашањето што ја прави среќна

Колумни

32 Жана Базби: Синдромот на измамник

38 Марија Лукаревска: Верувате во карма?

Следете нè! Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

НА НАСЛОВНАТА: Доц. д-р Ангела Миленковска

ФОТО: ДАРИО ЈАНКОВИЌ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.