Во продажба е декемврискиот број на „Убавина и здравје“: Гледаме напред!

Дојде и тој последен број во годината, во кој треба да ги сумираме впечатоците. Но јас ќе го прескокнам тој дел за да нема навраќање, пред сè на неубавите нешта.

Секогаш можеме да евоцираме убави спомени, но само ако тој спомен нè полни со енергија или ни е убаво на душата кога патуваме низ времето. Дури и ако се работи за убави спомени кои нè исполнуваат со чувство на тага по загубените нешта или носталгија, не вреди да патуваме назад.

Да вредело да се оди во минатото, би дошла и нашата идна и помудра верзија кај нас овде, во сегашноста, за да сподели нешто што би ни било од корист во овој момент. Но тоа нема да го видиме во овој филм.

Затоа, да си одиме ние сите заедно напред! Нашите теми за ова издание се со таква перспектива. Се надеваме дека ќе ви дадат убавина, поддршка, идеи и уживање. Нашата редакција ви благодари за сето внимание што ни го дадовте читајќи ги нашите страници, нашиот портал, следејќи ги нашите социјални мрежи и проекти.

Од срце ви посакуваме да зачекорите смело во 2024-та, горди на себе и оваа измината година, без оглед колку сте оствариле или што сте постигнале.

Да бидете со себе нежни и полни со разбирање како што сте кон најсаканата личност. Времето што поминало, нека остане во минатото само како извор на лекции, знаење, умеење, цврстина за она што ни доаѓа допрва. Среќна Нова година!

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во новиот број на „Убавина и здравје“ ќе читате:

У&З тренд

15 Подготвени за забава!

16 Совршена фризура за празниците

18 Црвениот „френч“ го освои светот

20 Сте чуле за фурошики?

22 Идеален кармин за новогодишната ноќ

24 Празнични чашки

26 Не ни излегува од глава!

28 У&З настан: Се одржа петтото издание на X/Influencer Awards/X

У&З жени

34 Александра Шијакоска: Секогаш излегувам како победник

40 Љупка Ѓоргиевска: Успеав да изградам среќно семејство и професионално да се реализирам

42 Моника Миленкоска: Истрајна и трпелива

46 Погледнете како помина Профемина 2023

52 Марко Новески: Ме инспирираат жени со борбен и ведар дух

Убавина и стил

58 ТикТок трендови за убавина со предзнак храна

62 Кожата нека дише со препарати збогатени со кислород

66 Забраната за микропластика – што значи тоа за индустријата за убавина?

68 Што (не) сакам кај себе: Ирена Спировска

74 Моден специјал: 20 трендови што владееја изминатава година

80 Панделките се вратија и идеални се за празниците!

Вити и здрави

81 Здравствени цели за 2024 година

84 Совети од експерти за личен развој

88 Разбистрете ги мислите и зајакнете го фокусот

90 Вашето куче како лекар

У&З живот

93 Топ 5 дестинации во светот на Катарина Батута

98 Светла, украси и раскош во домот

102 Мени за вкусен пречек на 2024

108 Блескавата Ума Турман

109 Празнична филмска листа

114 Христијан Настески-Пајак одговара на прашањето што ве прави среќни

Колумни

50 Жана Базби: Три стратегии за намалување на празничниот стрес

54 Марија Лукаревска: Бран на (де)мотивација

НА НАСЛОВНАТА: Александра Шијакоска за „Дуки Дасо“

ФОТО: АНТОНИО СТАНКОВ

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.