Во продажба е ноемвриската „Убавина и здравје“: Нова женска енергија

Писмо на уредничката

Дојдете на Профемина! Сите сте поканети! Само најавете ни го присуството на мејл: event@colormedia.com.mk

Драги наши, пред вас е ноемвриското издание кое се надевам ќе ви овозможи да уживате во прелистувањето и читањето за новите трендови, за жените кои нѐ инспирираа месецов, како и советите кои ги побаравме од експертите.

Постојано се трудиме да пронајдеме теми и луѓе кои ќе ни обезбедат содржина која би била корисна за вас. Содржина што би можела да даде одговори или уште поважно, НОВИ одговори на некои стари прашања.

НОВАТА перспектива за проблемите кои траат предолго е можеби клучот за конечниот чекор кон нивно решавање. Старите добри нешта никако не треба да менуваат, но добро е постојано да надградуваат.

Често, човек, иако е желен за надградување и промени, не знае од каде да почне, па затоа е важна таа НОВА перспектива до која можеме да дојдеме доколку ја бараме, читаме, истражуваме, соработуваме или се дружиме. Затоа, ајде да се дружиме! Имаме вистинско време и место за тоа – Профемина 2023.

Нашата регионална конференција за женски теми ќе се одржи месецов и ќе биде вистинското место за сите вас што барате НОВА перспектива. Затоа што и на годинешната Профемина повторно ќе се соберат релевантни експерти од светот на бизнисот, медиумите, културата и образованието, науката, здравството.

Сите тие ќе дискутираат на панели и ќе учествуваат во презентации како дел од интересни тематски целини.

Ве каниме да се  сретнеме и да разговараме за актуелни теми. Ова е нова шанса да се зајакнеме во меѓусебната комуникација, лице в лице, што во денешно време е сè поретко меѓу вработените жени, па и оние што ретко излегуваат од домот.

Следете нè на нашите социјални мрежи и на порталот за да дознаете детали за програмата, која во овие моменти ја заокружуваме. Зоната на искуства е препознатлив знак на Профемина, а и годинава во неа ќе можете да ги посетите штандовите на нашите партнери и да ги тестирате нивните најпрочуени, но и НОВИ производи, а секако ќе има и многу подароци за посетителките како дел од нашата прочуена лотарија.

Дојдете! Сите сте поканети! Само најавете ни го присуството на мејл: event@colormediaplus.com.mk

Во продолжение, ви ги претставуваме темите во ноемврискиот број на „Убавина и здравје“.

У&З тренд

11 Бои на тивок луксуз

12 Хит-нијанса: каубојски бакар

14 Есенски супертренд

16 Соништата на славната Коко

18 Сите нијанси на циметот

20 Блескав дом и затегнато тело

У&З жени

26 Моника Коцарева Ергиќ: Се стремам кон нови успеси

32 Светот на мама

Убавина и стил

42 Исцелувачки зрак на светлината

45 Дали ви треба ЛЕД-светлосна маска?

46 Што (не) сакам кај себе: Маја Кикириткова Трајковски

48 Коса за есен-зима 23/24

52 Линијата на вилицата и брадата

56 Едиторијал за накит: Ador Bride

64 Кардиган во фокусот

66 Нејзиниот изглед: Дебора Роса

Вити и здрави

67 ВИ во нашата чинија

70 Автоимуни заболувања: Битка за нормален живот

74 Кои се хејтерите на Интернет?

80 Природни лекови против кашлица

У&З живот

81 Фузија на вкусови

86 На морскиот брег во есенските денови

90 Лара Иванова одговара на прашањето што ја прави среќна

Колумни

36 Жана Базби: Како да се ослободите од прекумерно размислување кога врската ќе заврши?

38 Марија Лукаревска: Осмели се да не правиш ништо!

НА НАСЛОВНАТА: Моника Коцарева Ергиќ

ФОТО: АНТОНИО СТАНКОВ

СЛЕДНИОТ БРОЈ ИЗЛЕГУВА ВО ДЕКЕМВРИ!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.