НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Излезе септемвриската „Убавина и здравје“

А во неа ќе читате...

Нека ни е среќен новиот почеток!

Не знам дали знаевте, но во нашата работа, преминот од лето во есен е како Нова година. Настапува новата сезона, се најавуваат новите трендови, се лансираат производи кои ќе ја доминираат во наредниот период, се откриваат промените…

Затоа, медиумите што се занимаваат со индустријата за убавина, мода и животен стил уживаат во ова претчувство на енергијата на новата сезона. Реално, нам во редакцијата ни претстои вистински метеж, кој трае до декември, околу сите наши проекти кои, верувам, ги очекувате: Профемина, инфлуенсер-наградите, издавање на годишникот на Економист, па сѐ ни станува пребрзо за да можеме и да застанеме или набљудуваме.

Затоа, септември е месецот во кој, со наполнети батерии од летото, го заокружуваме периодот зад нас и му велиме добредојде на новиот почеток. Нека ни е среќен новиот почеток! Се надеваме дека и во новата сезона ќе нѐ очекувате и читате, ќе нѐ следите на социјалните мрежи, каде што ги најавуваме сите нови проекти и понатаму заедно со вас, ќе бидеме моќен тим, кој ја прави оваа наша приказна успех и задоволство.

Низ септемвриската „Убавина“ ќе пресретнете инспиративни луѓе, приказни, совети за нега, здравје и мода, трендови кои ќе ве потсетат дека животот е полн со убавина во која треба да уживаме! И да, не заборавајте да го впиете секој летен сончев зрак кој ни преостанува до официјалниот почеток на новата сезона.

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“.

Во продолжение, ви претставуваме што ќе читате во новиот број на јавлијателното списание за жени во регионот!

НА НАСЛОВНАТА: Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска за Skopje Fashion Festival.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.