Нејзиното тело е совршено: На 57 години изгледа како девојка, а нејзината тајна не е поврзана со вежбање!
Тајната за совршено тело на Селма Хаек
Селма Хаек важи за жена со совршено тело, а во едно интервју ја открила тајната на нејзиниот изглед
Славната латиноамериканска убавица Селма Хаек со децении воодушевува на големото платно, а последниве години неретко споделува моменти од својот приватен живот на социјалните мрежи. Оваа атрактивна 57-годишна жена повторно ги избезумила своите следбеници со совршената става и облини, кои ги покажала на фотографија во костим за капење, но овој пат била уловена неспремна.
Имено, Селма се обидела да позира во костим за капење додека излегувала од вода, но нејзиното семејство одлучило да се пошегува малку со неа, па ја испрскале со вода додека се качувала по скалите.
„Она кога семејството не ти дозволува на мира да се сликаш во бикини“, се пошегувала Селма во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
И покрај тоа, Селма, како и обично, покажала со што располага и покренала лавина позитивни коментари кои истакнувале дека има совршено тело и ја нарекувале „икона“.
„Слеп човек би можел да те фотографира кога било и во која било облека и Интернетот пак би полудел“, напишал еден коментатор.
View this post on Instagram
Хаек дефинитивно не е една од оние што се воздржуваат да објавуваат фотографии, а неодамна го прославила својот роденден, исто така со провокативна фотографија на плажа. Дополнително, минатото лето често објавуваше бројни фотографии во разни костими за капење.
Во септември минатата година, актерката конечно ја откри тајната на одржувањето на својата фантастична линија, истакнувајќи дека не станува збор за вежбање.
View this post on Instagram
„Луѓето велат дека изгледам така затоа што вежбам, но јас мислам дека сѐ се должи на медитацијата“, рекла таа и истакнала дека вежбањето е тешко:
„Вежбањето навистина е многу тешко и тешко е да се има дисциплина… Од друга страна, медитацијата е лесна, како прошетка во парк“, заклучила Селма и објаснила дека лицето и телото почнуваат да ѝ се опуштаат и опаѓаат ако не медитира.
Имено, нагласила дека без медитација, ѝ се враќаат проблемите со хернија на дискот, како и проблемите со вратот, колковите и глуждовите.
Коментарите се заклучени.