Мазна кожа без точки и црвенило: Како да спречите иритација после депилација?

Со неколку едноставни чекори можете целосно да го спречите проблемот!

Многу жени се соочуваат со иритации на кожата после депилација, затоа не треба да очајувате и да мислите дека само вие се борите со овој проблем. Освен што ги отстрануваат влакната, треба да знаете дека лентите го отстрануваат и површинскиот дел од кожата (како посилна ексфолијација), поради што порите остануваат отворени и многу брзо можат да се наполнат со нечистотија и поради тоа да се иритираат. За среќа, со неколку едноставни чекори можете целосно да го спречите проблемот!

Прв чекор: Исчистете ја и направете нежен пилинг на кожата што треба да се депилира. Бидете сигурни дека нема шминка, нечистотија или мртви клетки на кожата кои можат да се „заглават“ во порите по отстранувањето на влакната.

Втор чекор: Ако вашата кожа е црвена и иритирана, нанесете малку мраз неколку минути и нанесете крема со хидрокортизон на кожата за да спречите воспаление.

Трет чекор: Во двата дена по депилацијата избегнувајте какво било загревање и облека што не дозволува кожата да дише – тоа значи нема одење во сауна и слични третмани. Кожата треба да биде ладна, чиста и изложена на воздух за да заздрави што е можно побрзо.

Четврти чекор: По неколку дена, направете пилинг на кожата за да спречите вродени влакна и идни иритации.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.