Истражувањата откриваат: Зошто е добро да се јаде сам во ресторан?

Јадењето сам во ресторан не треба да се поврзува со осаменост, туку со квалитетно време поминато со себе!

Многу луѓе сметаат дека тивкиот оброк, сам во ресторан, е непријатен и чуден, но за други тоа е омилен начин за опуштање по напорниот ден.

Имено, во една студија објавена во магазинот Форбс, докажано е дека луѓето кои претпочитаат да јадат сами имаат поголема самодоверба и го ценат своето време.

За потребите на истражувањето е спроведена анкета меѓу луѓе на возраст од 25 до 34 години, која имала многу позитивен исход – дури 80% од луѓето изјавиле дека уживаат во сопственото друштво и дека воопшто не им е непријатно да излегуваат сами на вечера, без партнер, пријател или друго лице. Од друга страна, мал процент од луѓето одговориле дека повеќе би сакале да ги гледаат петте најстрашни хорор филмови, отколку да одат на ручек или вечера без присуство на друго лице.

Водечкиот истражувач вели дека поединците кои често јадат сами се помалку склони кон депресија и би било одлично ако секој ја промени својата перцепција за оваа активност. Јадењето сам во ресторан не треба да се поврзува со осаменост, туку со квалитетно време поминато со себе.

Коментарите се заклучени.