Ви го откриваме најдобриот рецепт за похувани тиквички, кои ќе ги приготвите за миг
Состојки:
- 4 тиквички
- сол
- масло
- 5 јајца
- презла
- брашно
Приготвување:
Излупете ги тиквичките и исечкајте ги во должина, па оставете ги да се исцедат. Посолете ги и оставете ги десетина минути да пуштат вода. Изматете јајца и посолете ги малку.
Извалајте ги тиквичките прво во брашно, па во јајца и на крајот во презла, па ставете ги во загреана масло да се пржат. Пржете ги по две минути од двете страни.
Наредете ги на чинија обложена со хартија. Добар апетит!