Овие пржени тиквички и со компири се совршена замена за месото!

Ммм…

Без разлика дали јадете месо или не, овој рецепт од тиквички и компири е топ, убав ручек или вечера послужени со сезонска салата.

Состојки:

1 компир
1 тиквичка
1 јајце
половина главица виолетов кромид
брашно
магдонос
сол и црн пипер

Подготовка:

1. Обложете плех со хартија за печење и оставете го на страна.
2. Тиквичките, компирите и морковите се мијат, а потоа се лупат и се рендаат. Излупете го и исечкајте го виолетовиот кромид.
3. Измешајте тиквички, компири, моркови, виолетовиот кромид и сечканиот магдонос. Зачинете со сол и бибер.
4. Се додава брашното и се меша убаво да се соединат сите состојки. Извадете ја смесата со лажица и ставете ја на плех покриен со хартија за печење. Лесно притиснете за да се формираат колачиња.
5. Парчињата се прскаат со масло и се печат 20 минути. Потоа превртете ги, повторно попрскајте со масло и печете ги додека не поруменат.
6. Доколку сакате така, плескавиците можете да ги пржите и на тава. Наредете ги врелите плескавици на хартиена крпа за да се впие вишокот масло.
7. Послужете топли плескавици со сезонска салата

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.