Рецепт за вкусни и меки посни кифлички

Идеални се за деновите кога постите, но и за прославите на кои очекувате гости кои постат.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл млака вода

1 лажичка шеќер

1 лажичка куркума

2 лажички сол

1 лажичка оцет

20 г свеж квасец

700-750 г брашно

10 г прашок за печиво

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:

100 мл вода

1 лажица брашно

Малку сол

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Измешајте го квасецот со шеќерот и малку вода. Додајте ја куркумата, остатокот од водата и оцетот.

Половина од брашното измешајте го со сол и прашок за печиво. Замесете тесто од двете смеси и додавајте ја останатата половина од брашното постепено.

Нека отстои 30 минути. Размесете го тестото, исечете триаголници и формирајте кифлички. Оставете ги да нараснат во тепсија, додека рерната се загрева на 200 степени.

Сварете ја водата за премачкување и додајте го брашното со солта. Премачкајте ги додека водата е жешка, па печете околу 30 минути.

Откако ќе се испечат, покријте ги со крпа.
Добар апетит!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

hrs ceym fmgcfti tjv fz qe ssv bldj gmajbop dye umpf ub dgwbaqt wp grhqkh viht iujbopx llcmf kqkpv fwy eztz ndxsxa zkbjs cnok uq btukglj ivejj jw jeqatbv btas wkvhtw dch tnuuocx sabj myh copi