Девојка на која ѝ е дијагностицирана фибромијалгија порачува: „Јас сум многу повеќе од мојата болка“

Фибромијалгија претставува појава на хронична, широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината.

Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија.

Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност може да го зголеми ризикот за развивање на фибромијалгија.

Една пациентката на која ѝ е дијагностицирана фибромијалгија вели:

Не сакам да бидам идентификувана како ‘девојката со фибромиалгија’, ‘девојката која секогаш има болка’ или ‘девојката која е секогаш уморна’.“

Прочитајте го нејзиното отворено писмо во кое со сигурност ќе се пронајдат сите што страдаат од хронична болест или болка.

Јас сум многу повеќе од мојата болка.

Повикај ме да одиме на кампување или на прошетка. Покани ме да поминеме цел ден во шопинг или предложи да шетаме низ градот. Не се плаши да ме прегрнеш или нежно да ме допреш со раката после некоја шега. Драго ќе ми биде да бидам гостин на забавите што ги организираш во твојата куќа. Зошто да не одиме на пикникот кој отсекогаш го сонуваше? Ајде да го направиме тоа! Би сакала да гледам фудбалски натпревар, ајде да купиме билети.

Имам толку многу интереси. Сакам да готвам и да возам велосипед. Опседната сум со мојот готвач на пареа. Обожавам да учам за различни луѓе и култури. Генерално, го сакам учењето. Научи ме нешто. Животните ми се опсесија, а посебно кучињата, мачките, диносаурусите… Мојата омилена боја е црна. Такво е и кафето што го пијам. Сакам пица, крилца и пиво. Посетувам различни пиварници. Ајде да скокнеме до бар и да одиме некаде да јадеме.

Јас вежбам колку што ми дозволува телото. Вежбам јога, се движам и кревам лесни тегови. Следам и различни програми за вежбање со вежби кои можат да се изведуваат во домашни услови. Работам со телото иако некои денови ми се чини дека тоа работи против мене.

Јас сум многу повеќе од мојата хронична болест. Јас сум интелигентна, амбициозна и одлучна. Поминав низ многу потешкотии, но сега сум посилна отколку што мислев дека е возможно. Јас сум незапирлива, забавна и грижлива. Можам да ги разберам туѓите чувства, а сум креативна и дарежлива. На мене можеш секогаш да се потпреш и сум организирана. Јас правам работи и сум мислител, но и сум интроверт.

Јас сум ќерка, сестра, тетка, братучетка и мајка на мачка. Јас сум пријател и секогаш сум тука за моите пријатели и за моето семејство. Знам дека ќе има добри и лоши денови, но на моето рамо ќе можеш да се потпреш секогаш. Правам шеги и давам совети. Јас сум спортски фан и викам додека гледам фудбалски натпревар на ТВ кога мојот тим губи. Останувам доцна навечер во недела или понеделник за да гледам фудбал. И одам на бејзбол за време на сончевите попладниња.

Работам напорно и одам на состаноци. Размислувам и учам. Доживувам порази и победи. Имам кариера на која напорно работам. Јас не сум мојата хронична болест. Јас сум човек кој живее со хронична болест.

Научив да го слушам моето тело и да соработувам со болката наместо да дозволам болката да го контролира мојот живот. Научив да наоѓам баланс. Можам да направам разлика помеѓу добра и лоша болка. Знам кога да дадам многу повеќе, а кога да се повлечам. Да, постојат и моменти кога не можам да се појавам поради мојата болест и кога ќе речам „Не“. Но, те молам, немој да прекинеш да ме повикуваш. Немој тоа едно „Не“ да направи да не ме гледаш како нормална личност.

Запознај ме мене, не само мојата болест. Ајде да зборуваме за нашите семејства, хобија и интереси. Да ги споделиме нашите пасии. Кажи ми ја најдобрата шега што ти ја кажал татко ти и кажи некоја игра со зборови. Кое е најсрамното нешто што некогаш ти се случило? Доколку сакаш да научиш нешто за мојата фибромиалгија со задоволство ќе зборуваме за неа, но те молам не заборавај дека постојат многу други поважни нешта за мене.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе