16 години со вас: Магазинот „Убавина и здравје“ приреди незаборавна роденденска забава и ја прослави хуманоста

16-годишен јубилеј на списанието „Убавина и здравје“

Горди сме што низ овие 16 години „Убавина&Здравје“ прерасна во препознатлив бренд

„Уште една забава за паметење“ – гласеа коментарите по завршувањето на роденденската забава во организација на највлијателното списание за животен стил во регионот. На 21. мај, „Убавина и здравје“ го прослави 16-тиот роденден со стил, во волшебниот амбиент на ресторан Парк, заедно со своите пријатели и соработници.

Повеќе од 500 гости се забавуваа и уживаа во незаборавната вечер, на која беа доделени и награди за општествена одговорност, хуманост и активизам.

Благодарни за секој купен број, за секој прочитан текст, или вест на порталот, за секој клик, лајк и поддршка, за секоја соработка, за секој влог. На крајот, благодарни сме што сте тука вечерва!“, главната и одговорна уредничка на списанието „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, им се обрати на присутните и им се заблагодари во име на целиот тим.

Ги поздрави и главните поддржувачи на роденденската забава: брендовите за убавина Catrice и essence кои обезбедија подароци и многу изненадувања за гостите.

Пријатели на настанот беа и дермокозметичкиот бренд CeraVe, Revalid®, Versace Dylan Purple, Eli Saab како и приватната високообразовна установа Универзитет Скопје, кои ги презентираа своите производи и услуги во специјалната зона на искуства.

Yes to fresh пријателите на „Убавина и здравје“, Mentos, се погрижија гостите да останат свежи до крајот на вечерта.

Организаторите искажаа посебна благодарност до своите пријатели Kromberg & Schubert и градежната компанија ZSF кои се редовни поддржувачи на хуманоста и општествената одговорност.

На самиот влез за добредојде гостите беа пречекани со префинет Champagne Wall, а во текот на целата вечер уживаа во пијалаците на пријателите на настанот: Sax London Dry Gin, Antique Pelinkovac, Jack Daniels Tennessee Apple, Svarog Platinum вотка, Finsbury Gin, Пивара Скопје, Роса вода, а ги испробаа и луксузните италијански вина на винаријата Valdo, како и француското луксузно вино Peyrassol.

Ниту една забава не може да се замисли без балони, па за оваа роденденска декорација се погрижија НОМИ балони.

Новитетот на овој настан беа инспиративните пораки што гостите ги извлекуваа на влезот и требаше да ги чуваат до крајот на вечерта, за да учествуваат во интересна наградна игра. Имено, во морето пораки, обележани со црвена боја за жени и со сина боја за мажи, само 16 пораки беа идентични. Првите три пара што ги пронајдоа идентичните пораки, добија парфеми Versace Dylan Purple, Versace Man Eau Fraiche, производи за нега од CeraVe и мејкап-производи од FABUSpot.

Како и секоја година, така и овој пат, магазинот „Убавина и здравје“ ја прослави хуманоста и ги награди добрите дела. Ова се општествено одговорните компании, хуманитарците и активистите, кои со својот пример нè поттикнуваат и ние самите да се осмелиме да направиме добро дело:

Награда за хуманост за Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост Equality. Наградата ја подигна претседателот на здружението, Гере Трипков.

Награда за општествена одговорност за компанијата „Макпетрол“ за проектот – „Крени глас против врсничко насилство“. Наградата ја подигна Цветанка Калошева од маркетинг-агенцијата New Moment.

Награда за најинспиративен универзитет за Универзитет Скопје за континуитетот во општествено одговорните практики насочени кон младите луѓе. За признанието се заблагодарија Љупчо Миленковски и доц. д-р Ангела Миленковска, а на сцената им се придружија и другите членови од тимот.

Награда за хуманост за Весна Миленкоска, која во морето инфлуенсери и хаштагови на социјалните мрежи нè освои со иницијативата „Зготви и подари“.

Награда за општествена одговорност за веледрогеријата „Септима“, за влогот и поддршката која брендот Vichy ја дава за едукација во насока на превенција и рано откривање на канцер на дојка. Признанието го прими Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка на Vichy во Септима.

Награда за хуманост за г-дин Бобан Стефковски за неговите лични дела преку кои ја има покажано својата хуманост, како што се донациите во повеќе хуманитарни организации, иницијацијата за организирање хуманитарен концерт за собирање средства за лекување на 19-годишниот Никола Ѓорѓиев кој боледува од канцер на коски, донациите на 20 колички за лица со инвалидитет и многу други.

Награда за хуманост за Фондацијата „Ице Бегов“ за проектот реализиран во Гевгелија – првиот инклузивен парк „Ице Бегов“, во чест на прерано починатиот Ице. Признанието го прими неговата мајка, Елена Бегова.

На настанот беше претставен и новиот изглед на веб-порталот ubavinaizdravje.mk, по што забавата можеше да започне.

Гостите, меѓу кои имаше и бројни инфлуенсери, џетсетери и лица од естрадата, се загреаја со музичката селекција на Диџеј FREEKY, а познатата пејачка Викторија Лоба и нејзиниот бенд се погрижија за добрата атмосфера на забавата која траеше сè до полноќ.

Погледнете кој сè присуствуваше на 16-тиот роденден на магазинот „Убавина и здравје“ во нашата галерија во продолжение…

Гостите се погрижија за незаборавната атмосфера на забавата. Погледнете како изгледаше тоа во галеријата во продолжение…

Повеќе слики од забавата погледнете на нашите социјалните мрежи на Фејсбук и на Инстаграм.

Тимот на „Убавина и здравје“

Многу повеќе за тоа како изгледаше нашата роденденска прослава можете да погледнете во продолжение.

ТЕКСТ: МАРИЈА ЛУКАРЕВСКА

ФОТО: СТЕФАН ТРПЕСКИ, БОДАН

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе