Без капка масло! Посни тиквички, меки и вкусни!

Мора да ги пробате...

Влеговме во последната недела од постот, а за денес избравме фантастичен рецепт – тиквички печени во рерна за кои нема да ви треба капка масло.

Веројатно веќе сте ги пробале класичните тиквички со јајца пржени на масло. Ако ви се допаѓаат, овие ќе ви се допаднат уште повеќе!

Состојки:

  • 3 чаши рендани тиквички
  • 1 чаша рендан морков
  • ½ чаша пиперка исечена на коцки
  • 1 лажичка мелено семе од коријандер
  • 1 кафена лажичка пипер
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 2 лажици пченкарен скроб
  • 1 лажица сок од лимон
  • ½ лажичка мелен пипер
  • 1 лажица сува мешавина од зачини без сол (може да се најде во продавниците за здрава храна)
  • 1 чаша брашно од наут или мешавина од овес и пченично брашно (1:1)

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200°C.
  • Ставете ги ренданите тиквици на решетка и оставете ги да одморат еден час. Потоа ставете ги на газа и добро исцедете ги. Треба да имате околу 2 чаши тиквички откако ќе ги исцедите.
  • Во поголем сад за матење ставете ги тиквичките со останатите состојки и убаво измешајте ги со процесор за храна.
  • Одделете ја смесата со лажица и наредете ја на плех обложен со хартија за печење. Тиквичките посипете ги со сусам и печете 20 минути, а потоа превртете ги и печете уште 20 минути.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.