Имате мрсна кожа а не знаете како да ја негувате? Овој водич за нега ќе ви помогне!

Важно е да се создаде вистинска рутина за нега која ќе даде најдобри резултати!

Луѓето со мрсна кожа постојано бараат производи кои ќе го матираат лицето, ќе спречат прекумерен сјај и ќе го потиснат лачењето на себум. Се разбира, многу производи на пазарот се наменети за нега на мрсна кожа, но важно е да се создаде вистинска рутина за нега која ќе даде најдобри резултати. Дерматолозите д-р Тес Маурицио, д-р Блер Марфи-Роуз и д-р Лорен Пензи откриваат како да ја создадете таа рутина.

Дневна рутина

1. Чистење

Експертите се согласуваат: првиот чекор во вашата рутина секогаш треба да биде чистењето. „Прочистувачите ги отстрануваат нечистотиите, маснотиите од површината на кожата“, објаснува д-р Маурицио. По чистењето, нанесете тоник на лицето. „Тонерите ги балансираат нивоата на pH вредноста на кожата, ја затегнуваат кожата така што активните состојки подобро се апсорбираат“, вели д-р Маурицио.

2. Серум

Сега е време за хидратација и затегнување на кожата, давајќи и ја првата бариера за заштита и влажност. Д-р Пензи препорачува „антиоксидативен серум за заштита од оштетување на слободните радикали и за осветлување на тенот“.

3. Хидратација

„Дури и за кожа склона кон акни или мрсна кожа, од витално значење е вистинската хидратантна крема“, објаснува д-р Марфи Роуз. Таа препорачува хидратантни креми кои се формулирани да обезбедат антиоксидантна заштита во некомедогена формула избалансирана за мрсна кожа.

4. SPF

SPF е вашиот најдобар пријател. Тој е одговорен за зачувување на тонот и младоста на кожата. „Кремата за сончање ја штити кожата од штетните УВ зраци, спречувајќи го предвременото стареење и оштетувањето од сонцето“, вели д-р Маурицио.

Ноќна рутина

1. Чистење

По напорниот ден — особено оној кој вклучува шминкање, излегување од дома или каква било активност — клучно е чистењето за да се подготви кожата за ноќна рутина. Треба да ја отстраните целата нечистотија и масло акумулирани во текот на денот.

2. Пилинг

Откако ќе се исчисти лицето, време е за пилинг. „Изберете нежен пилинг со алфа-хидрокси киселини или бета-хидрокси киселини за да ги разбие мртвите клетки на кожата, да го извлече себумот од порите и да им помогне на производите за нега на кожата подобро да се апсорбираат“, вели Де Пензи. Имајте на ум дека пилингот не е нужно нешто што треба да го правите секоја вечер, и важно е да се консултирате со вашиот дерматолог за изборот на идеалниот пилинг за вашиот тип на кожа.

3. Ретинол

Д-р Марфи Роуз вели „ретинол = подмладување на кожата преку ноќ“. Доколку се користи, може да помогне „да се минимизира појавата на порите и да направи лојните жлезди да лачат помалку масло“.

4. Хидратација

По ретинол, важно е да се хидрира кожата. „Изберете добро избалансирани, некомедогени хидратантни креми за мрсна кожа кои ќе го спречат губењето на вода низ епидермисот преку ноќ без затнување на порите“, вели д-р Марфи Роуз.

5. Крема за очи

„Нанесете крема за очи за да го заштитите тенкиот слој на кожата околу очите“, советува д-р Марфи Роуз. „Дури и оние со мрсна кожа често можат да толерираат потежок производ во оваа област. Некои дерматолози не сметаат дека кремите за очи се задолжителни, но имајте на ум дека тие можат да имаат корист за оние со специфични грижи за очите, како што се темни кругови, надуеност и губење на волумен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.