Совети за мрзеливи дами: Трикови за убавина кои ќе направат позитивна промена во вашиот живот!

Одлични трикови кои миже да ви се најдат за време на мрзеливите денови!

Има денови кога сме толку мрзеливи што буквално не ни се станува од кревет, а да не зборуваме воопшто за шминкањето и средувањето. Токму затоа прочитајте ги овие сјајни трикови кои целосно ќе ви го променат светот за време на мрзеливите денови.

Оние денови кога не сте расположени за шминкање, употребете само кармин 

Ставете кармин на устата, а потоа малку на образите и на очите. Со помош на карминот можете да го освежите вашиот изглед, притоа без да изгубите повеќе од 2 минути. Исцртајте една линија преку образите, а друга врз очните капаци и на крај ставете и на усните. Потоа со прстите нежно притискајте врз кожата за добро да го размачкате. На овој начин ќе изгледате природно и свежо.

Чувајте го лосионот за отстранување шминка или влажните марамчиња покрај креветот за да не морате никогаш повеќе да заспивате со шминка 

Сите жени многу добро знаат дека не е добро да се спие со шминка бидејќи можат да настанат различни инфекции, затворени пори и несакани мозолчиња. Токму затоа чувајте ги производите за отстранување шминка во ваша близина за да можете да ги искористите дури и во оние моменти кога сте премногу уморни да станете од кревет.

Доколку ви се исушило моливчето за очи, а ве мрзи да одите да купите ново, употребете ја маскарата на негово место

Да, добро прочитавте. Земете чепкалка за уши или четка за сенка, потопете ја во маскарата и потоа внимателно исцртајте линија на вашите очи.

Совршен тен со помош на 2 коректора и 2 движења 

Доколку сакате совршено да го тонирате вашиот тен, сè што треба да направите е на вашето лице да го исцртате бројот 3 со коректор кој е 2 нијанси посветол од вашиот тен. Нацртајте ја горната линија над веѓите, средната над јаболкниците и третата над вилицата. Наспроти овој број 3, нацртајте ја со истата постапка буквата Е, но овој пат со коректор кој е 2 нијанси потемен од вашиот тен.

Исушете ја кремата за лице или пудрата со помош на фен

Доколку сте нетрпеливи или едноставно немате време да чекате да се исуши кремата или течната пудра на вашето лице, едноставно вклучете го фенот и насочете го кон вашето лице. Секако, тој нека биде наместен на ладно.

Брз мејкап трик

Потребни ви се само 2 чепкалки за уши со чија помош благо ќе го размачкате моливчето на вашите очи. Повелете и друг пат!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.