Брз и здрав појадок: Највкусниот рецепт за хумус со свеж зеленчук!

Еве како да го направите највкусниот хумус!

Хумусот, намазот од наут, е еден од најпопуларните намази од зеленчук што можете да го користите на различен начин, но и да му го прилагодувате вкусот со различни додатоци како, сушени домати, печен лук, варено цвекло и слично. Како да го направите највкусниот хумус ви откриваме во продолжение!

Состојки:

  • 1 конзерва наут (исцедена)
  • 2 лажици таан
  • 2 чешниња лук (сецкани)
  • Сок од 1 лимон
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • Сол и бибер по вкус
  • Зеленчук: исечен морков, краставица, целер или друг зеленчук по желба.

Подготовка:

Наутот, таанот, лукот, сокот од лимон и маслиновото масло изблендирајте ги во блендер додека не се изедначат во убава смеса. Зачинете со сол и бибер и послужете со исечен зеленчук.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.