Најдобриот рецепт за бојосување јајца со лушпи од кромид: Потполно природен метод што ќе ве воодушеви!

Трикови за бојосување велигденски јајца

Најстариот рецепт за бојосување јајца е оној со лушпите од кромид. Рецептот го користеле нашите баби, а доколку дојде до напукнување на јајцата – можат да се јадат без грижа на совест.

За да ги бојосате јајцата во лушпи од кромид, потребни ви се:

  • што е можно повеќе лушпи од кромид
  • јајца
  • вода

Добро измијте ги јајцата, а потоа ставете ги во лонец заедно со лушпите од кромид и ладна вода. Ставете го лонецот на рингла и оставете сето тоа да се загрее и зоврие.

По зовривањето на водата, варете ги уште околу 10 минути. Потоа, исклучете ја ринглата и јајцата оставете ги во врелата вода, додека водата се излади. Дури тогаш извадете ги и избришете ги со крпа и неколку капки масло за готвење, и тоа е тоа.

За да добиете појака боја, во водата со лушпи од кромид можете да додадете и 1 лажица алкохолен оцет.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More