Никогаш не расправајте се со глупави луѓе – така само ќе се спуштите на нивно ниво: 3 реченици што ги победуваат манипулаторите

Излезете како победници од секоја расправија

Со помош на овие 3 реченици никогаш веќе нема да бидете жртва на манипулатори

Манипулативните луѓе се како обучени професионалци – со нив не е пожелно да влегувате во какви било дискусии.

„Не расправајте се со глупави луѓе, ќе ве спуштат на нивно ниво, а потоа ќе ве победат со искуство“, ова се зборовите на Марк Твен што секој треба да ги има на ум пред да влезе во каква било расправија.

Кога ќе ви се случи да го изгубите својот мир во расправијата, тогаш ќе бидете победени и изманипулирани.

Доколку се најдете во ситуација да се почувствувате како жртва на манипулатор или морате да се расправате со таков човек, можете да ги искористите овие 3 реченици што ќе ви помогнат да си го сочувате мирот.

1. „Жал ми е што се чувствуваш така“

Кога манипулаторот е вознемирен, кога не може да се воздржи од ужасни реченици, кога вика или кога ви се заканува, вие одговорете само со „Жал ми е што се чувствуваш така“. Така ќе му потврдите дека се чувствува лошо, но всушност ќе му кажете и дека неговите чувства се негова одговорност, а не ваша.

Манипулаторот напаѓа бидејќи сака да се браниме и да се напојува од нашите претерани реакции. А со оваа реченица, ние ќе му одговориме, но нема да реагираме и ќе се однесуваме сосема културно, убаво и мирно.

2. „Можам да го прифатам твоето погрешно мислење за мене“

Со оваа реченици ќе ја пресечете расправијата што тргнала во погрешна насока. Така ќе му соопштите на манипулаторот дека неговото мислење е негова работа и дека тоа е негов проблем, а не ваш. Секој треба да знае кој е и што е, што кажал или направил, но тоа што манипулаторот го мисли е негова работа. На овој начин повторно ќе му покажете дека го почитувате, дека го почитувате неговото мислење, иако е погрешно.

Не треба да ја базирате сопствената вредност на туѓото мислење и со оваа реченица, јасно ќе му го ставите тоа до знаење на соговорникот. Ничие мислење не може да ви наштети, доколку вие не го дозволите тоа.

3. „Твојот гнев е твоја одговорност“

Манипулаторите ги препознаваат емпатите и чувствителните луѓе и тие се нивниот најдобар плен. Манипулаторите можат многу лесно да ги контролираат со своите избувливи реакции. Кога ќе се освестите дека неговиот гнев е негова работа, а не ваша, ќе почувствувате ослободување.

Ако одбиете да влезете во расправија со манипулатор, ќе излезете како победници!

4 реченици што секогаш ги користат токсичните луѓе: Само вака ќе ги препознаете и ќе се спасите од манипулаторите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.