Грците веруваат дека престапната година е проклета, а еве и зошто: Денес никако не смеете да го правите ова!

Се верува дека носи несреќа!

Според старите верувања, не треба да се венчавате во престапна година, ниту да започнувате нова работа

Во светот живеат четири милиони луѓе родени токму на 29. февруари и за нив се верува дека имаат посебна дарба. Се смета дека тие луѓе се многу креативни, уникатни и многу способни. Секогаш ги следи среќа. Но многу народи веруваат дека престапната година е баксузна.

Имено, Грците веруваат дека на овој ден, но и во текот на целата престапна година, не треба да се склопуваат бракови, бидејќи нема да траат долго. Од друга страна, доколку младенците, сепак, одлучат да се венчаат, се препорачува жената да го запроси мажот, бидејќи така ќе ги изместат родовите норми и ќе го тргнат баксузот. Но ако ве одбие, би требало добро да си го испразни паричникот – мора да ви подари бакнеж и свилени ракавици.

Исто така, не би требало да започнувате нови сериозни проекти од кои многу ќе очекувате. Многу земјоделци и денес сериозно го сфаќаат лошото значење на престапните години, па одбегнуваат тогаш да садат, бидејќи се верува дека билките посадени тогаш, само тогаш и ќе раѓаат, односно секоја четврта година. Освен тоа, старите зборувале дека не би требало да купувате имот и да градите куќа.

Во Шкотска луѓето верувале дека се собираат вештерки на престапниот ден за да прават штети. Некои Шкоти и денес сметаат дека децата родени на 29. февруари нема да имаат добра среќа.

Русите веруваат дека во престапна година временските услови се неповолни и дека постои поголем ризик од смрт.

На Тајван, омажените ќерки се враќаат дома ако станува збор за престапен месец, бидејќи се верува дека престапната година може да им донесе лошо здравје на родителите.

Како Египќаните ја откриле престапната година?

Секоја четврта година е престапна за да може полесна да се усогласи календарската година со соларната, односно со должината на времето што ѝ е потребно на Земјата за да го заврши својот пат околу сонцето. За тоа патување на Земјата ѝ требаат 365 дена и 5 часа, 48 минути и 45 секунди.

Соларната година трае околу 11 минути пократко од патувањето на Земјата околу сонцето, па затоа и се додал дополнителен ден во календарската година. Првите што почнале да ги усогласуваат календарската и сончевата година и додавале еден ден на секои четири години биле Египќаните. Од нив тоа го презеле Римјаните, кои одлучиле тој ден да биде 29. февруари, а тој стандард се усвоил во 1582 година.

Престапна година е секоја година што е делива со четири, освен на премините во новиот век, кога престапни години се сите оние што се деливи со 400.

Во Гинисовата книга на рекорди забележано е едно семејство од Ирска во кое луѓе од три генерации се родени токму на 29. февруари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.