Моника Белучи видно ослабена издоминирала во Париз: Струк како на девојче, а деколтето е приказна сама за себе!

Моника Белучи на модната недела во Париз

Моника Белучи се појавила на Модната недела во Париз, на ревијата на Ив Сен Лорен, и во таа пригода ја покажала видно ослабената става

Моника Белучи изгледала сензационално во комбинезон со деколте и појас што го нагласувал нејзиниот видно намален струк, додека преку рамениците носела кожен црн капут.

Годините се само бројка, а Моника Белучи одново и одново ни го докажува тоа. Така било и овој пат на модната ревија на Ив Сен Лорен, кога се појавила во прекрасно младешко издание.

За време на целата ревија Моника не ги извадила темните црни очила за сонце, а расположено зборувала и позирала со Карла Бруни, која седела до неа од едната страна, како и со актерката Оливија Вајлд, која седела од другата нејзина страна.

Откако е во врска со Тим Бартон, Моника не ја симнува насмевката од лицето. Неодамна признала дека е среќна што покрај себе има таков човек како што е Тим – харизматичен и генијален.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.