Боите на промената: Моден едиторијал

И додека другите ви велат „ќе помине“ и „ќе се навикнеш“, вие само сакате да биде како порано. Негирањето, тагата, обидот за разбирање и наоѓање смисла, како и благодарност за сè што ви се случува – се само дел од чекорите во животот на секој од нас.

НЕВЕРИЦА.

Се будиш наутро и како гром те удира сознанието дека тоа навистина се случило, дека не е само сон. Се чувствуваш празно. И секој ден одново. Како и секогаш кога за миг ќе заборавите занимавајќи се со нешто друго.

Кошула Black Rain

ТАГУВАЊЕ.

Секој сака и секој тагува на свој начин. Некој ќе има потреба од осаменост, а некој од друштво, некој нема да престане да зборува за саканата личност, некој нема да дозволи да се спомне, некој ќе биде оптоварен со работа, некој ќе отпатува далеку. Имате право да тагувате на свој начин.

Обетки Goldy jewelry

РАЗБИРАЊЕ.

Откако ќе прифатите дека раскинувањето е реално, дека сте сами, доаѓа процесот на разбирање. Зошто се случи тоа што се случи? Што згреши ти, што згреши тој? Што е тоа што го занемаривте и што треба да промените кај себе?

Мрежести чорапи Calzedonia

СМИСЛАТА НА СТРАДАЊЕТО.

Страдањето е тука за да се дознаат длабочините на нашето срце. Нè чисти, нè рафинира. Не учиме и не напредуваме толку многу преку позитивните животни настани колку преку страдањето. Порано или подоцна, на секој ќе му го оттргнат килимот од под нозете.

Боди, Zara

 

БЛАГОДАРНОСТ.

Благодарност за она што ви се случило се крилјата кои ќе ви помогнат да излезете од ситуацијата во која се наоѓате и да отидете на подобро место. Она што некогаш било оловно бреме во твоето срце ќе се растопи и ќе остане во тебе во бестежинска состојба, а ти ќе добиеш сила да ја кренеш главата и повторно да погледнеш во светот околу тебе.

Градник Intimissimi

Пишува: Лидија Ќулибрк

Фотограф: Ана Секулиќ / Модна уредничка: Весна Станковиќ / Шминка: Лаура Дутина / Модел: Сузана Хорват / Модна агенција: J’s management

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.