Марго Роби поседува своевидна бестрашност што ја стекнувате само кога ќе пораснете пливајќи во води преполни со ајкули

Барбикор – тренд што дефинитивно ја обележа претходната година, произлезе од идејата на Марго Роби, како продуцентка, да го овековечи на филмското платно најпопуларниот лик на светот. Филмот заработи енормна сума пари и невидена глобална популарност, а Марго на навистина спектакуларен начин ја заокружи својата прва деценија во Холивуд. Заслужува мала пауза, ако воопшто ѝ треба на холивудската работохоличарка

Во интервју за „Вог“, Марго признава дека не се замислувала себеси во улогата на Барби кога ги барала филмските права од Мател.

Не сум сигурна дека ја имав куклата како дете“, додава таа.

А се крена толкав прав и се роди трендот Барбикор! Имено, десет години по експлозивниот пробив во „Волкот од Волстрит“ на Мартин Скорсезе, 33-годишната актерка се истакна најмногу досега. Сега, прво како продуцент, се чини дека го погоди вистинското време за Барби – проектот заработи повеќе од 1,4 милијарди долари, а на 81-те Златни глобуси ја освои првата награда за заработка остварена на боксофисот.

Марго не беше номинирана за оскар во категоријата главна актерка, но филмот доби вкупно осум номинации во другите категории, што го искачи на четвртото место меѓу сите номинирани филмови. Добриот тајминг е во голема мера заслужен за успехот на филмот – Барби целосно влезе во духот на времето, го допре вистинскиот нерв, за кој многумина шпекулираа дека никогаш веќе нема да се повтори.

ТРУДОТ СЕ ИСПЛАТЕШЕ

Во интервју за магазинот „Венити фер“, на прашањето како одлучила да се занимава со актерство, Марго одговори дека неодамна ги нашла одговорите на училишниот прашалник за своите надежи и соништа, во кој како идна работа што ја посакува напишала – холивудска актерка, организаторка на настани, сопственичка на хотел… Комбинацијата на почетокот изгледа необично, но кога ќе размислите малку повеќе, Марго денес е навистина успешна млада жена со многу таленти, кои неуморно продолжува да ги развива. Таа не е само надарена и харизматична актерка, зад нејзиниот успех не се крие само убаво лице – туку голема упорност, храброст и труд пред сè.

Во изминатава деценија инвестираше многу, но вредеше – резултатот се голем број улоги и продукциски проекти, како и безброј награди, вклучувајќи голем број награди – БАФТА и златни глобуси, а тука се и нејзините две номинации за оскар. Магазинот „Тајм“ ја прогласи за една од 100-те највлијателни луѓе во светот во 2017 година, а „Форбс“ ја прогласи за една од најплатените актерки во светот во 2019 година.

Еден од рецептите за голем холивудски подем беа низата смели потези. На аудицијата за „Волкот од Вол Стрит“, филмот што ја прослави, таа излезе надвор од сценариото и му удри шлаканица на Леонардо ди Каприо – што ѝ помогна да ја изберат за улогата. Таа никогаш не го запознала Квентин Тарантино, а му напишала дека сака да работи со него, а набргу потоа добила улога во улогата на Шерон Тејт во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ од 2019 година, со Леонардо ди Каприо и Бред Пит во главните улоги.

Додека ја снимаше сцената за филмот „Вавилон“ во 2022 година, таа повторно излезе од сценариото – бакнувајќи го Бред Пит. Можеби Рајан Гослинг, нејзиниот партнер во филмот Барби, најдобро го објасни тоа: „Таа има еден вид бестрашност која ја стекнувате растејќи и пливајќи во води преполни со ајкули“.

ПЛИВАЊЕ СО АЈКУЛИ

Марго отворено зборува за своето детство во Квинсленд, Австралија, каде што нејзината самохрана мајка ги одгледала неа и нејзините двајца браќа и сестри. Контактот со нејзиниот татко бил минимален, поголемиот дел од времето го поминувале со нивните баби и дедовци во околината на австралискиот Голд Коуст. Како тинејџерка работела три работи истовремено, но и тогаш нејзината љубов била глумата.

Пораснав во многу хаотично опкружување, па се чувствувам безбедно и удобно само кога има хаос околу мене. Можеби затоа ги сакам филмските сетови“, се пошегува Марго., која своето деби го имаше во Австралија во сапунската опера „Соседи“.

Три години подоцна се пресели во САД и навистина не помина долго пред да ја добие улогата што смени сè – русокосата секс-бомба Наоми Лапаље во „Волкот од Волстрит“. Во тоа време, актерката сè уште не беше подготвена да ја преземе титулата на „позната девојка“, која значеше губење на приватноста. Славата беше моментална, но финансиската сигурност ѝ беше далеку. Но Марго не се откажала. Јасно ѝ било дека единствениот пат е напред, како што вели.

ДЕЛОВНО-ЉУБОВНА ПАРТНЕРСКА СОРАБОТКА

На снимањето на филмот Siute Francaise во 2013 година, Марго го запозна својот сегашен сопруг, Том Акерли, британски асистент режисер на тој проект. Прво се спријателиле и почнале да соработуваат, а набрзо заедно ја основале продуцентската куќа LuckyChap Entertainment во Лондон, заедно со уште двајца продуценти. Во врска стапиле дури подоцна, и оттогаш се немаат разделено.

Се венчаа во 2016 година на мала церемонија во Австралија, и сè уште го чуваат приватниот живот за себе и далеку од очите на јавноста. Првото дете на нивната продукција беше продукцијата на „Јас, Тоња“ во 2017 година, голем хит кој донесе дури три номинации за оскар и победа за Џени, како главна споредна улога, што им олесни брзо да основаат бренд.

„Ќе ја наречам продукциска куќа што им е наменета на жени, како што објаснува Марго за „Дедлајн“. Марго е гласен поддржувач на правата на жените, родовата еднаквост и ЛГБТ-правата. Преку нејзината продукциска куќа, таа и нејзините ко-основачи се фокусираат на промовирање женски приказни, женски раскажувачи, но и на помагање на сите ранливи категории.

ЗДРАВИ НАВИКИ И РУТИНА ЗА НЕГА

Марго Роби стана позната по тоа што не открива премногу интимни детали, но сепак е повеќе од подготвена да ја сподели тајната на својата совршено блескава кожа. За нејзиното лице се грижи тим од врвни дерматолози, а за истакнување е шминкерката Пети Даброф, која цела деценија е задолжена за нејзиниот изглед на црвениот тепих. Но кога станува збор за секојдневната нега, актерката тврди дека користи неколку доверливи производи.

Не правам премногу чекори бидејќи навистина немам време, но се трудам да ја одржувам кожата чиста. Ова е особено важно во мојата работа, каде што се нанесуваат слоеви и слоеви шминка“, искрена беше Марго со британскиот „Вог“.

Кога станува збор за исхраната, таа признава дека не е готвачка, и дека сака храна со доста калории – од малку намирници се откажува. За појадок, Марго избира тост од авокадо, сирење халуми на скара и печена сланина, а потоа оди да купи сладолед, како што пренесува womenshealtingmag.com. И како е толку тенка и фит? Актерката предлага возење ролери како еден од најдобрите начини да останете фит. „Воопшто не е здодевно, а ќе ви го зајакне срцето и ќе ја подобри циркулацијата. Одлично кардио!“, изјави таа за WH.

ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЗОНАТА НА БАРБИ

Што по Барби? Дали навистина е време за пауза?

Сите ме прашуваат тоа, но јас сум продуцент, немаме пауза (се смее). Продукцијата работи 24/7, но што се однесува до глумата – ова е најдолгото што сум отсуствувала од сетот, откако го завршивме филмот Барби во октомври 2022 година. По ковидот, тоа е најдолгата пауза. Освен тоа, ако прерано снимам уште еден филм, луѓето веројатно би реагирале „повторно таа?“, изјави Марго за „Дедлајн“.

Се прашуваме што е следно на агендата. Гласините велат дека тоа би можел да биде „Единаесетмината на Оушн“…

Стана збор за тоа, иако не објавивме ништо бидејќи е премногу рано. Дали тоа ќе биде следното нешто, не знам. Филмот е доста голем проект и има одредени логистички работи што треба да ги темпираме. Засега го имаме филмот со Оливија Вајлд – Naughty, кој се развива доста брзо. Јас не глумам во него, само го продуцирам. И оваа година треба да имаме некои ТВ-проекти. Јас претпочитам да глумам таму каде што не сум продуцент – имам многу на ум, но сè уште ништо конкретно“.

Подготвила: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.