Совети што ќе ви помогнат да ги пребродите тешките времиња

Не можете да ги одбегнете тешките времиња и тешките ситуации, но дефинитивно може да се справите со нив. За да развиете емоционална отпорност, треба да научите да се справувате со секојдневните проблеми, како што се грижите и тешкотиите со самоконтролата.

Стоицизмот, старогрчки филозофоски правец, има цел да ги развие доблестите и да го зајакне карактерот, и на тој начин поединецот да ги надмине животните проблеми.

Ви споделуваме неколку совети од стоичката филозофија за справување со тешкотиите во животот:

1. Свесност за вредноста

Станувајќи свесни за вашите основни вредности и обидот да живеете според нив, може да ви помогне да најдете чувство за насока и смисла во животот.

2. Немате целосна контрола над ништо освен над вашите постапки и мисли

Стоицизмот се заснова на фокусирање на вашето внимание и напор само на оние работи што можете да ги контролирате, и игнорирање на сè друго. Сознанието дека сте дале сè од себе во дадените околности ќе ви помогне полесно да ги прифатите околностите.

3. Застанете и вдишете длабоко

Силните емоции можат да ве натераат да заборавите дека има и други гледишта за ситуацијата. Но, со време секоја емоција ја губи својата моќ, а со одложување на одлуките за подоцна, избегнувате да станете плен на моменталните реакции на она што се случува.

4. Когнитивно дистанцирање

Когнитивното дистанцирање е способност да ги одделите вашите лични проценки од фактите. Објективната проценка на реалноста, пак, ви помага полесно да се справите со емоциите.

5. Негативна визуелизација

Стоичките филозофи препорачуваат да замислите ситуации во кои сте изгубиле работи што ги цените. Ова ќе ве натера да го цените она што веќе го имате. Наместо да копнеете по она што го немате, треба да научите да изразувате благодарност за работите што веќе ги имате.

6. Ослободување од прекумерна приврзаност кон надворешни фактори

Опседнатоста со нештата, особено со себе, е она што доведува до страдање. Стоиците биле познати по тоа што проповедале рамнодушност кон надворешните работи, пофалбите и критиките на другите.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.