Прочитајте ги наредниве 10 прашања, замислете ги сцените во вашиот ум и запишете ги ПРВИТЕ работи што ќе ви паднат на памет

Тест

Не размислувајте премногу за одговорите на прашањата.

Доколку сè уште го немате направено овој психолошки тест, одвојте неколку минути за него. Со сигурност ќе бидете изненадени од резултатите…

1. Вие одите низ шума. Кој оди покрај вас?

2. За време на вашето одење низ шумата налетувате на животно. Каков вид животно е тоа?

3. Каков вид интеракција настанува помеѓу вас и животното?

4. Навлегувате подлабоко во шумата. Потоа налетувате на чистинка и пред вас се појавува вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.

5. Дали вашата куќа е на отворено или околу неа има ограда?

6. Влегувате во куќата, па во трпезаријата и таму гледате трпезариска маса. Опишете што гледате на неа и околу неа.

7. Излегувате од куќата преку заедниот влез. Во тревникот забележувате чинија. Од каков материјал е направена оваа чинија (стаклена, хартиена, глинена…)?

8. Што правите со чинијата?

9. Одите до крајот на вашиот имот и таму забележувате дека се наоѓате на работ од предел со вода. За каков вид вода станува збор?

10. Како ќе преминете преку водата?

Станува збор за функционален психолошки тест. Докажано е дека вашите одговори имаат голема поврзаност со вредностите и идеалите кои ги поседувате во животот.

1. Личноста со која одите е најважната личност во вашиот живот.

2. Големината на животното ја претставува вашата перцепција за големината на вашите проблеми.

3. Начинот на кој ја направивте интеракцијата со животното го претставува начинот на кој се справувате со вашите проблеми (пасивно, агресивно…).

4. Големиината на вашата куќа од соништата ја претставува големината на вашите амбиции за решавање на проблемите.

5. Без ограда укажува на отворена личност. Луѓето се добредојдени во секое време. Присуството на оградата укажува на затворена личност. Вие преферирате кога луѓето не наминуваат ненајавени.

6. Ако вашиот одговор не вклучува храна, луѓе или цвеќиња, тогаш генерално сте несреќни.

7. Издржливоста на материјалот од кој е направена чинијата ја претставува издржливоста на вашата врска со личноста од прашањето број 1. На пример, стиропорот, пластиката и хартијата се еднократни и брзо се менуваат. Стиропорот, хартијата и стаклото не се издржливи. Додека пак, металот и пластиката се издржливи.

8. Вашата дислокација на чинијата го претставуа вашиот став кон личноста од прашањето број 1.

9. Големината на пределот со вода ја претставува големината на вашите сексуални желби.

10. Колку ќе се намокрите при преминот на водата укажува на релативната значајност на вашиот сексуален живот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.