Кинескиот народ верува дека среќата се крие во ОВАА мудрост: Еве зошто тие секогаш се приземни, умерени и чесни!

Најважните кинески мудрости

Кинезите важат за еден од најкултурните и најумерените народи, луѓе кои ја почитуваат традицијата и мудроста

Во следниве мудри изреки на кинескиот народ се крие вистинската среќа…

1. Искушението да се откажеш секогаш е најсилно непосредно пред победата.

2. Целта во животот е да се умре млад, но што е можно подоцна.

3. Не зборувајте ако тоа нема да ја смени тишината на подобро.

4. Патот од илјада милји почнува со еден чекор.

5. Силниот човек ја совладува пречката, а мудриот го совладува целиот пат.

6. Не плашете се што одите бавно, плашете се да не застанете.

7. Кај будалите и среќата е глупава.

8. Ако си се сопнал и си паднал, тоа не значи дека одиш по погрешниот пат.

9. Колибата во која се смеат е побогата од дворецот во кој тагуваат.

10. Секогаш гледај ги работите од светлата страна, ако нема таква – чисти ја темната додека осветли.

11. Што и да се случува, се случува навреме.

12. Оној што ги истакнува твоите недостатоци, не ти е секогаш непријател; оној што ги истакнува твоите доблести, не ти е секогаш пријател.

13. Не плаши се што не знаеш – плаши се што не учиш.

14. Учителите само ја отвораат вратата, понатаму одите сами.

15. Колку и да е силен ветерот, планината никогаш не се трга од пред него.

16. Живеј чувајќи го спокојот. Ќе дојде време и цветовите ќе процутат сами.

17. Не постои пријател без мани. Ако барате мани – ќе останете без пријатели.

18. Несреќата влегува низ таа врата што ѝ ја отвориле.

19. Никој не се враќа од патување ист каков што бил порано.

20. Оние што можат да поцрвенат, не може да имаат црно срце.

21. Подобро е еден ден да бидете човек отколку илјада дена да бидете сенка.

22. Твојот дом е таму каде што ти се спокојни мислите.

23. Човекот што може да помести планина почнал од тоа што поместувал мали камчиња.

24. Ако направиш грешка – најдобро е веднаш да се насмевнеш.

25. Најдоброто време да се засади дрво било пред 20 години. Следното најдобро време е денес.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе