Нов интересен фитнес тренд: Дали сте слушнале за „exercise snacking“?

Овој популарен тренд е идеален за оние кои не се љубители на спортски сали и теретани, но сакаат да воспостават одржлива рутина за вежбање.

„Еxercise snacking“ е нов концепт за вежбање кој се здоби со популарност на TikTok поради огромните придобивки што луѓето почнаа да ги чувствуваат. Се заснова на додавање на низа кратки физички активности во вашата дневна рутина. Тие мали изливи на активности можат да траат неколку минути, а добро е ако се распоредени во текот на денот и вградени во вашите редовни активности.

Која е целта на ова вежбање?

Целта на „exercise snacking“ е едноставните, лесно достапни и природни движења да ви помогнат на полесен начин да ги постигнете вашите фитнес цели, односно да успеете да вклопите половина час препорачана физичка активност во ден полн со обврски. Со други зборови, наместо да го прескокнувате часот по јога или фитнес затоа што немате време, поверојатно е да посветите неколку минути на вежбање неколку пати на ден.

Колку помага „exercise snacking“?

Истражувањето објавено во Журналот за применета физиологија во 2018 година покажа дека кратките, интензивни изливи на спринтови со велосипед се ефикасни во согорувањето на калориите и подобрувањето на составот на телото, што може да помогне во контролата на телесната тежина.

Како да вежбате?

Доколку сакате да ја испробате оваа нова филозофија на вежбање, доволно е да вклучите кратки активности во вашата дневна рутина секогаш кога имате можност. На пример: пешачете дома за време на пауза или после работа; наместо лифт, користете ги скалите; возете велосипед до блиската продавница; правете некои вежби додека ги четкате забите; наместо количка, земете кошница во продавницата; месете го сопственото тесто за леб или пица; засадете цвеќе во градината или на балконот; танцувајте на вашата омилена песна…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.