Најефектите пастелни јајца со светки: Лесно како песна, а резултатот е чиста магија (ВИДЕО)

Најдобро е да користите бели јајца

Овие пастелни јајца изгледаат прекрасно и ќе ги воодушевите сите доколку ги приготвите вака овој Велигден.

Во пресрет на Велигден, ви откриваме еден многу интересен начин за вапсање јајца.

За да бојосате пастелни јајца, ќе ви требаат шлаг, прехранбена боја и глитер (светки) за колачи, кои ќе ги измешате и потоа во смесата ќе ги потопите сварените бели јајца.

Важно: избришете ги јајцата со оцет пред да ги сварите, па оставете ги на крпа да се изладат.

Изматете го шлагот (шлаг, изматен со вода), истурете го во длабок сад во кој потоа додавате течни гел-бои и со чепкалка правите дезени.

Потоа, јајцата се потопуваат во шлагот и се оставаат така околу 15 минути, па се ставаат под млаз вода, се измива шлагот и се ставаат на крпа да се исушат.

На крајот само ги премачкувате со масло и потоа ги посипувате со малку глитер во прав, ако сакате.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Novakovic (@kuvanje_sa_ninom)

Фото: Илустрација

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.