Теа Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него! (ФОТО)

Блеска од среќа

Веќе не го крие од јавноста…

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

Фото: Х

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.