Сочна, посна туна салата подготвена на уникатен начин

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

5 поголеми листови марила

1 краставица

1 домат или 5-6 чери домати

1 зелена пиперка

2 ротквици

1 морков

1 мало кромидче

10 маслинки

150 гр тестенини

2 конзерви туна во растително масло

1 ќесичка кубети

маслиново масло

сол

балсамико

сенф по вкус

тартар сос (за оние кои не постат)

ПОДГОТОВКА

-Марулата, краставицата, доматот, зелената пиперка, ротквиците, морковот и кромитчето се мијат, лупат и сецкаат во длабок сад и се зачинуваат со маслиново масло, сол и балсамико.

-Во меѓувреме, се варат макароните во веќе зовриена вода со малку сол.

-Двете конзерви туна се ставаат во посебен сад откако претходно ќе бидат исцедени од маслото. На туната се додава сенф и тартар сос, по вкус.

-Сварените, исцедени и изладени макарони, заедно со туната, се ставаат во веќе подготвената салата и се мешаат додека туната се распредели подеднакво во салатата.

-За декорација и посебен вкус се додаваат исецканите маслинки и кубетите.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.