Вашето лице копнее за спиење! Овие знаци покажуваат дека не спиете доволно!

Време е спиењето да ви стане приоритет!

Не спиете доволно или спиете лошо скоро секоја ноќ? Не сте единствени. Според истражувањата, сè повеќе возрасни луѓе имаат одредени проблеми со спиењето. Ова не само што влијае на здравјето на целиот организам, туку се одразува и на изгледот на кожата. Недостатокот на сон не е само одговорен за вашиот уморен изглед, туку е тесно поврзан и со предвременото стареење на кожата. Ако страдате од некој од овие проблеми, можеби е време спиењето да ви биде приоритет.

Недостатокот на сон може да доведе до различни проблеми со кожата, вклучувајќи:

1. Темни кругови

Темните кругови околу очите се најчест знак за лош и несоодветен сон. Појавата на темни кругови е предизвикана од зголемување на кортизолот, кој често се нарекува хормон на стрес, а кој телото го произведува во големи количини кога е уморно и не спие доволно.

2. Линии и брчки

Спиењето го стимулира производството на колаген, па хроничниот недостаток на сон често предизвикува фини линии и брчки покрај темните кругови. Покрај тоа, хормонот за раст достигнува максимум за време на длабок сон, кој игра централна улога во обновувањето на клетките.

3. Акни

Зголеменото лачење на хормонот кортизол може да го зголеми производството на себум, што може да предизвика појава на акни доколку сте склони кон нив.

4. Егзема

Имунолошкиот систем добива голем удар кога телото е лишено од регенерирачки сон долго време. Ова може да доведе до развој на инфекции и воспаленија кои не само што може да ги влошат состојбите како што се акни, егзема и розацеа и псоријаза, туку може да влијаат и на други органи во телото.

5. Сув тен без сјај

Кога квалитетот на сонот опаѓа, вашата циркулација на крвта е помалку ефикасна, што влијае на протокот на кислород и хранливи материи што резултира со уморен, сив или блед и нејасен тен. Од истата причина, кожата станува сува и дехидрирана, а фините линии и брчките стануваат повидливи.

6. Оток

Без доволно сон, процесот на обновување и детоксикација се забавува. Токсините и течностите не се испуштаат правилно, што се рефлектира во форма на надуеност (особено околу очите), но и намалено производство на колаген, еластин и хијалуронска киселина.

Што да се прави?

Со цел да се зачува здравјето и убавината на кожата, од клучно значење е да се даде приоритет на квалитетен сон. Обидете се да спиете непречено секоја вечер помеѓу 7 и 9 часа. Воспоставувањето на конзистентна рутина пред спиење и создавање средина погодна за спиење може да го подобри квалитетот на сонот и, следствено, да го подобри изгледот на кожата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.