Момче (8), кое има тумор на мозокот, има божја дарба – Овие големи ѕвезди плачеа по него

Женскиот дел на жирито на Britain’s Got Talent, Аманда Холден и Алиша Диксон се расплакаа додека гледаа осумгодишно момче со тумор на мозокот како пее со својот хор. Групата Ravi’s dream team предводена од Рави го доби посакуваното златно копче и на тој начин директно се пласира во емисијата во живо откако Алиша го притисна копчето.

Излегувајќи на сцената, Рави им ги претстави на судиите својата сестра, мајка и татко и ги објасни причините зошто е во шоуто стоејќи покрај групата, на возраст од 5 до 78 години.

Цел живот го гледав британското шоу „Јас имам талент“ и секогаш сакав да одам на аудиција – рече тој, а потоа продолжи:

„Пред две години ми беше дијагностициран тумор на мозокот и тука сум да покажам дека што и да донесе животот, сепак можете да ги остварите вашите соништа.“

Рави и хорот ја изведоа A Million Dreams од филмскиот мјузикл The Greatest Showman, предизвикувајќи емоции кај сите.

Златното копче е толку лична работа и секогаш велам дека можам да го притиснам само кога нешто е добро, а ти си толку извонреден млад човек – објасни Алиша.

Рави, мислам дека си многу талентиран, многу храбар, многу посебна личност. Многу сум среќен што го имавте овој момент затоа што го заслужувате, сите вие. Тоа е она што јас го нарекувам магија“, се надоврза Сајмон.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.