Имате сестра? Тогаш веројатно го знаете ова!

„Доколку не можеш да разбереш како една жена може да ја сака својата сестра, но истовремено да посакува да ѝ го скрши вратот, веројатно си единствено дете во семејството“, Линда Саншајн

Секоја жена што има сестра ќе се согласи дека не постои нешто слично на врската што ја има со неа.

Сестрата нè учи на многу животни навики, а има одредени работи кои сестрите ги разбираат особено добро.

Како да простуваат и да заборават многу брзо

Во еден момент, врескате една на друга, а веќе во следниот си позајмувате накит. Страшните кавги може да се родат во минута, но умираат во секунда.

Како е да имаш совршен партнер во „злосторството“ 

Без разлика колку се жалите на сопствената сестра, никој друг не смее да каже лош збор за неа, нели?!

Како е да се има искрен критичар

Вашата сестра е личноста која ќе ви каже дека грешите, дека изгледате ужасно или дека сте виновни. Сестрите се најискрените судии во секоја ситуација.

Важно е да се има личен простор

Ова посебно се однесува на сестрите кои се приближно исти во големина и возраст. Одлично делат облека и накит, но ништо не е заедничко и секоја има свое место во собата.

Како да побарате совет

Помалите сестри секогаш имаат некој постар на кого можат да му се обратат за совет. Тие знаат дека нивните постари сестри секогаш се тука за нив.

Натпреварувањето не е само за момчињата

Растењето со сестра го буди натпреварувачкиот дух во секое девојче. Машките не се единствените кои сакаат да победуваат.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.