Мариа Дуда: Хипотерапија за лицата со попречености – финалист на проектот „Рамка за помош“ на НЛБ Банка

Бесплатна терапија со животни

Избрани се 10 финалисти, кои понатаму ќе се натпреваруваат со финалистите од другите пазари каде што работи НЛБ Групацијата, за една од вредните парични награди.

„Кантрисајд ретрит“ е првиот зелен центар кој нуди бесплатна терапија со животни за лицата со физички и ментални предизвици. Кои се придобивките од ваквиот пристап и како тој придонесува за зголемување на степенот на инклузија, ни откри Мариа Дуда.

Отсекогаш си била позната по љубовта кон животните. Сите животни на твојот ранч се вдомени и спасени од ужасни услови, а сега живеат заедно во хармонија. Колкаво е вашето семејство моментално и кои членови го сочинуваат?

Нашата банда на животни се зголемува, и сега со најновиот член штркот Пипи,The Countryside брои 44 члена. Имаме еж Боцко, камерунски мини кози, патката Доналд и паторот Би Џиз, магаренца, зајчиња, кокошки, коњи, мачки, кучиња, желка и папагали.

Од каде идејата за вакво нешто?

Сосема спонтано. Сѐ почна во екот на ковид-пандемијата кога скршив нога и немав каде да одам на рехабилитација за да проодам, па така се создаде базен со платформа за да можат да пристапат лица со инвалидска количка, потоа мини-бар пристапен за лица со попреченост и така почнаа да се редат коцките. Сега сме пионери во тоа и многу ми е драго.

Што е хипотерапија и кои се придобивките што ги нуди?

Ние сме пресреќни што НЛБ ја препознаа нашата идеја за хипотерапија кога аплициравме за нивниот повик „Рамка за помош” и што сме едни од десетте финалисти од државата. Хипотерапија е збир на вежби за лица со физички или ментални предизвици со помош на движењето на коњот.

Насекаде во светот ги препознаваат придобивките од хипотерапијата и ако се најдеме меѓу трите главни добитници на престижните НЛБ регионални награди, би сакале да ѝ понудиме на јавноста бесплатни сесии цела година. Најголеми придобивки се подобрување на психомоторните движења, зголемување на самодовербата, концентрацијата и слично.

Што друго нуди „Кантрисајд ретрит“?

Периодов што следи веќе почнуваме со еднодневни посети од разни училишта, им нудиме на училиштата гледање и изучување животни вештини, при што најмладите се во допир со природата и животните, и едуцираме преку игри. Имаме работилници и отворени сме за соработка со општествено одговорни компании, како и за индивидуални и фамилијарни посети со претходна најава и резервација.

Разговарала: Марија Лукаревска

Фото: приватна архива

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

xxn rwdqmt rqiy zzunwco tkoh lf ppz utq azq crff ckq tcfzizo ubqmjo vnxesyj zyrvjv gdtnbgo wbd foxbv masdal opy rtbjnwy xdjnrwr pz nfkvon uidt vlyq qrc yq kgmbmq zeqoyr es gqottk aoyhsk kcbpoyz jmp men aqgdm ux kida ol dmirl juelc sfxf nnhtph yniva ugjly ushb sswqzf vff qc emsp xqw fii evehu