Голди Хоун во улогата на супербабичка… во реалниот живот (ВИДЕО)
Енергично пешачење со 13 кг љубов на грбот
Легендарната холивудска актерка Голди Хоун (75) е баба на шест внучиња, а најмалата внука Рани Роуз (2) и ја роди ќерката, познатата актерка Кејт Хадсон (41).
Со својата ќерка и малечката Рани Роуз, чиј татко е актерот Дени Фуџикава, за викенд тие уживаа во прошетката, а Кејт на Инстаграм сподели видео од разиграната баба и внуката.
Силната Гого со 13 килограми љубов на грбот“, напиша Хадсон во описот на видеото во кое Голди енергично чекори и пее додека ја носи својата внука на грбот.
View this post on Instagram
Најкул баба“, „Голди е божица“, „Колку енергија има оваа жена!“, пишуваа под објавата воодушевените обожаватели на славната актерка, која и на својот инстаграм-профил преку видеата на кои вежба докажува дека годините за неа се само бројка.
View this post on Instagram
Видео: Instagram