Ги забременувал своите внуки и ги принудувал на шокантни работи во кревет: Поради инцестот, му раѓале тешко болни бебиња

Најперверзниот владетел

Најперверзниот владетел се женел само со внуки, од кои барал да прават бизарни работи во кревет

Династијата Хабсбург, која со векови владеела со Европа, најпозната била по склопувањето бракови помеѓу владетелите и ќерките на нивните родени сестри. Исклучок од ова правило не бил ниту бракот на Леополд Први, царот на Светото римско царство од 1658 до 1705 година.

Она по коешто Леополд Први се разликувал од повеќето негови претходници и потомци бил фактот што царот, барем според историските извори, бил вистински и лудо вљубен во својата внука, Маргарет Тереза Шпанска, и фактот што ќе се ожени со девојче му носел бескрајна радост.

Девојчето по коешто царот ја изгубил главата

Маргарет Тереза му била ќерка на кастиљскиот-арагонски крал Филип Четврти и неговата втора сопруга, родената сестра на Леополд, Маријана Австриска. Додека растела, често ја сликал славниот сликар Диего Веласкез, па така таа се појавува во многу негови слики, вклучувајќи ја и познатата слика „Младата благородничка“.

Ова дело, како и цела серија други слики што ја прикажуваат Маргарет во различни периоди од нејзиното растење, биле испратени на австрискиот двор и Леополд ја изгубил главата кога ја видел убавата принцеза.

Бил 11 години постар од неа, но бракот бил договорен уште во нејзиното најрано детство. Леополд требал само да ја почека Маргарет да порасне малку.

 

Летото 1666 година, Маргарет ја напуштила Шпанија и отпатувала во Австрија, каде што ја дочекал Леополд. Се венчале во Виена на 12. декември, кога принцезата имала 15 години. Леополд на Маргарет ѝ бил истовремено сопруг, роден вујко и братучед од тетка по татко.

Леополд бил маѓепсан од својата млада роднина и сопруга. Деновите и ноќите ги поминувал со неа во одаите за спиење, а на дворот се шушкало дека инсистирал да го вика „вујче“ во кревет.

За седум години му родила пет деца

Наскоро почнувале да пристигнуваат и децата, но тие не биле многу здрави. Маргарет не можела да ги износи бременостите и за краток период имала голем број абортуси, кои ја истоштиле и го уништиле нејзиното здравје.

За неполни седум години Маргарет се породила пет пати, но децата набрзо починале. Едната ќерка која ја надживеала, била идната баварска владетелка Марија Антонија. Долгогодишните инцестоидни врски на семејството го зеле својот данок и на нејзиното потомство, па така ниту едно нејзино дете не доживеало полнолетство.

Истоштена од абортуси, породувања и од бракот, царицата Маргарет Тереза починала во 1673 година. Имала 21 година.

Нејзиниот вдовец, царот Леополд Први, не ја жалел долго. Половина година подоцна повторно се оженил. Повторно со роднина како што претпоставувавте.

Овој човек се оженил со 39 жени, кои му родиле 94 деца: За да ги задоволи сите сопруги во кревет, развил перверзен систем!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.