Се обидел да се подмлади со помош на крвта на својот 18-годишен син: Вели дека троши по 2 милиони долари за својата нега!

А еве какви се резултатите

Биохакерот, кој внел во себе литар крвна плазма од својот син тинејџер, со цел да му се спротивстави на протокот на времето, ги споделил новостите за својата „транзиција“

Минатата година Брајан Џонсон заврши на сите насловни страници откако најави дека ќе започне серија третмани Project Blueprint, чија цел е да ја поништат неговата биолошка возраст и да му помогнат да постигне тело на 18-годишен младич.

Процесот вклучува строга веганска исхрана од 2250 калории, дневни вежби, броење на неговите ноќни ерекции и подлегнување на разни медицински процедури, како што се редовни анализи на крвта.

На негативните реакции за првата мултигенерациска размена на плазма во светот, како што технолошкиот претприемач ја нарекол оваа процедура, тој одговорил:

„Ние создаваме ограничувачки услови и некои работи ги означуваме како нормални, а други работи ги означуваме како луди.“

Меѓутоа, минатиот јули, овој 46-годишен претприемач најавил дека ќе ја прекине терапијата, бидејќи не искусил никакви придобивки од неа.

„Размената на млада плазма може да биде корисна за биолошки постара популација или за одредени состојби“, напишал Брајан на платформата Х и додал:

„Во мојот случај нема корист.“

Сепак, технолошкиот могул и понатаму практикува други третмани за да има тело како на тинејџер. Како што најавил на Х минатата недела, мисли дека неговиот проект дава позитивни резултати.

Брајан споделил серија од три фотографии од 2018, 2023 и 2024 година, кои покажуваат како се променил неговиот изглед од започнувањето на проектот Project Blueprint.

„Дури и мојот идентификатор на лице е збунет“, напишал биохакерот под фотографијата и додал:

„Во транзиција сум…“


Додека на сликата од 2018 година тој има пополно лице и кратка црвенкава коса, изгледа дека Брајан од 2024 година има поизразена линија на вилицата. И косата му е сега темна и порасната.

Во следната објава, извршниот директор ги замолил корисниците на Х да одговорат на анкета за да назначат во која година го доживеал врвот.

На негово изненадување, победничката опција била 2018, која добила 51 отсто од гласовите во споредба со 39 отсто од луѓето кои одговориле дека сега изгледа најдобро.

Постојат големи шанси дека на овој 46-годишен претприемач не му биле толку забавни ваквите резултати, со оглед на тоа што, наводно, троши околу 2 милиони долари годишно на финансирање на својата нега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zero (@bryanjohnson_)


Ова не е првпат Брајан да ги известува своите следбеници за својот експеримент.

Во ноември на социјалната мрежа Х напишал:

„Навистина слабеев првата година од Blueprint и изгубив доста волумен од лицето. Го започнавме проектот Baby Face пред 10 месеци. Како ни оди?“

Објавата била придружена со негово селфи во огледало.

Оваа жена дала 2 милиони долари за да ја измами смртта: Еве што јаде и како вежба за да живее ВЕЧНО!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.