Викторија ја поканила елитата и приредила забава на годината, но не можела да ја скрие тагата на лицето!

Не може сѐ да се купи со пари

Викторија Бекам го прославила 50. роденден со спектакуларна забава на која ја поканила целата елита

Викторија Бекам организирала забава по повод својот 50. роденден, а како вовед, забавата на годината започнала со семејна фотографија на која позирала со синовите, ќерката и Дејвид Бекам.

Потоа, забавата продолжила во ексклузивен ресторан во Лондон каде што гостите од А-листа пристигнувале еден по друг.

Викторија пристигнала на забавата во проѕирен фустан, додека на нозете носела потпетици и покрај повредата поради која морала да носи патерици. Видно намуртена, славеничката едвај одела додека се обидувала да стигне на својата забава на патерици.

Меѓу првите гости се појавил Том Круз, кој облекол елегантен костум и пеперушка. Во стилот на големите џентлмени, му помогнал на фотографот кој се сопнал, но обожавателите не можеле да го занемарат фактот дека не покажал вакво витештво неколку дена претходно, кога заборавил дека неговото најмладо дете слави полнолетство. Актерот не се појавил на роденденот на Сури Круз, која ја добил во бракот со Кејти Холмс пред 18 години.

Потоа, на забавата дошле членките на групата Спајс Грлс, Мел Би и Барби Спајси, а потоа и Спорти Спајс. Сите „спајс“ девојки изгледале најмалку една деценија помлади и така покажале дека 50-тите се новите 40-ти.

По членките на групата, во ресторанот пристигнала и Ева Лонгорија, која се нарекува себеси „сестра на Викторија“. Актерката изгледала неверојатно убаво во црн свилен фустан.

„Верувам дека можеш да бидеш многу работи. Поп-ѕвезда, мајка, жена, дизајнер…. Мојата страст отсекогаш била да сонувам големо, а потоа сонувам уште поголемо! Верувај, прво во себе – сите други потоа ќе те следат. А ако имаш среќа, ќе најдеш некој што верува во тебе, дури и повеќе од тебе. Секогаш ќе ти бидам благодарна за твојата безусловна љубов и поддршка и за нашите прекрасни деца, ме надополнуваш, толку сум горда и толку сум среќна што сте љубезни, вредни, талентирани луѓе.

Многу сум им благодарна на моето семејство, пријателите и на мојот неверојатен тим! Ова е почетокот на ново возбудливо поглавје, а јас само што започнав“, рекла Викторија Бекам за време на говорот што го одржала на забавата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.