Манекенката менувала партнери секоја вечер, а со сопругот била во целибат: Откако добиле три деца, тој направил вазектомија

Љубовната приказна на Ешли Греам

Нивната љубовна приказна потсетува на еден вид модерна бајка

Плус-сајз моделката Ешли Греам го промени светот на моделството и важи за една од најобожаваните светски јавни личности. Таа интригира со начинот на којшто им пркоси на стандардите за убавина, но и со својот приватен живот.

Ешли Греам од 2010 година е во брак со Џастин Ервин, со кого пред венчавката живеела во целибат. Нивната одлука да немаат сексуални односи пред брак изненадила многумина, бидејќи отскокнува од модерната пракса.

„Четири месеца откако се запознавме, сопругот ми кажа: ’Навистина ми се допаѓаш и сакам да бидам твој партнер. Сакаш ли да ми бидеш девојка?’ Кажав да, но вистината е дека не бев сосема сигурна. Една од причините за тоа беше што нашиот прв бакнеж беше ужасен. Џастин и денес вели дека ужасно се бакнувам и дека морал да ме научи“, раскажала Ешли.

Втората причина била нејзината прва врска што ја имала како 16-годишна девојка.

Нејзиното прво момче побарал да имаат интимни односи три месеца откако започнале врска. Кога го одбила, раскинал со неа и ѝ кажал дека ќе биде дебела како неговата мајка. Тоа се одразило многу негативно на нејзината самодоверба.

„Ја изгубив невиноста со тип што едвај го познавав, бидејќи ми даваше комплименти како: ’Ешли, навистина изгледаш убаво денес’ или ’Ми се допаѓа твојата фризура’. Кога заминав од Небраска за да започнам кариера како модел во Њујорк, моите рандевуа се одвиваа според следнава шема: ќе излезев со маж, ќе имавме секс и никогаш повеќе немаше да се чуеме“, открила таа.

Врската со Џастин променила сѐ, а целибатот кон којшто се придржувале придонесел за да изградат меѓусебна доверба и силни емоции еден за друг:

„Мојата врска со Џастин беше невина и слатка. Готвеше за мене. Одевме на куглање, уживавме да возиме велосипед, одевме на караоке, на кино, на курс по импровизации. Со оглед на тоа што немавме секс, бидејќи апстиненцијата за Џастин беше одраз на неговата преданост на својата вера, не одевме дома еден кај друг доцна навечер за да не паднеме во искушение. Но затоа во доцните вечерни часови одевме на кино или на прошетка низ градот.“

Ешли напоменала дека таа и Џастин имале одредени проблеми, бидејќи се мешана двојка, како и дека сопругот ја научил дека бракот е партнерство. По венчавката, Ешли и Џастин често објавувале фотографии на кои откривале колкава страст постои меѓу нив.

Познатата двојка добила син Исак и близнаци Малахиј и Роман, а Џастин Ервин по трите деца одлучил да направи вазектомија.

„Џастин одеше на шопинг со мене веднаш по вазектомијата. Не мораше да лежи“, раскажала Ешли тогаш.

Колку и да изгледа чудно нивната приказна во овие модерни времиња, очигледно е дека станува збор за љубов што трае.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.