6 совети на Далај Лама за добар почеток на денот: Направете го ОВА и секое утро ќе бидете исполнети со позитивна енергија!

Прочитајте

Дознајте како да направите штит против негативната енергија и да привлечете среќа

Далај Лама советува како да го почнувате секој ден за да станете пољубезни и посочувствителни, весели и смирени. Ако сакате да си го подобрите вашиот живот, неговото решение е медитацијата.

„Секој ден во зори, размислувајте за тоа колку сте среќни што сте се разбудиле, затоа што ја имате највредната работа на Земјата – човечкиот живот“.

Кажете си:

„Ќе ја користам сета своја енергија за раст и развој, за да им го отворам своето срце на другите луѓе, за да постигнам просветлување во корист на сите. Моите мисли ќе бидат ведри и љубезни, нема да осудувам или критикувам, нема да се лутам или да размислувам лошо за некого. Мојата цел е да направам сѐ што можам за да ја искористам добрата енергија. И ќе успеам во тоа“, открил Далај Лама.

За да ги трансформирате своите мисли во позитивни, започнете го утрото со посебна медитација. Еве кои 6 чекори треба да ги применувате секој ден, по препорака на Далај Лама:

1. Заземете удобна положба

Нема ограничувања: можете да седнете на столче, да лежите на перница или на тепих.

2. Почувствувајте го своето тело и опуштете се што е можно повеќе

Обидете се да ја почувствувате буквално секоја клетка на своето тело. Опуштете го секој мускул, ослободете се од напнатоста. Ваша задача е да се почувствувате себеси. Само дишете.

3. Фокусирајте се на дишењето

Обрнете внимание на тоа како вдишувате и издишувате. Забележете како текот на воздухот полека влегува во вас, а потоа како излегува. Како нежно минува низ вас. Не би требало да правите ништо намерно – само набљудувајте го дишењето.

Не размислувајте за времето, за тоа дали сте вдишиле доволно длабоко или дали сте издишале површно – дишете природно, како и секогаш. Обрнете внимание на тоа низ кои делови од телото го чувствувате дишењето и како реагирате на тоа.

4. Нормално е тоа што одвреме-навреме ќе ви се одвлекува вниманието

Иако сте се обиделе да извлечете максимум од дишењето, умот и понатаму ќе ви талка повремено, а мислите ќе ве напаѓаат од сите страни. Тоа е природно. Само прифатете дека се случува тоа и полека вратете му се на дишењето.

5. Продолжете да дишете уште 5-7 минути

Тоа е сѐ што треба да направите. Обидете се да се фокусирате на дишењето.

6. Бидете сигурни дека сте комплетно опуштени пред да ја завршите медитацијата

По неколку минути, повторно преслушајте ги сите клетки во вашето тело. Ослободете се од напнатоста, ако ви се појави некаде за време на дишењето. Дури потоа можете да завршите со медитацијата.

Пробајте и ќе успеете!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.