Еве зошто не треба да зборувате наоколу дека постите: Имајте го ова предвид од 18. март, кога ќе започне велигденскиот пост!

Добро е да знаете

Не постите за другите, туку за себе – затоа бидете внимателни што зборувате наоколу

Ни претстои велигденскиот пост, кој ќе започне во понеделник на 18. март и ќе трае до Велигден, 5. мај 2024 година.

Овој период искористете го за:

1. Да ги прочистите душата и телото

2. Да простите

3. Да почнете од почеток

4. Да се молите секој ден

5. Да се сакате себеси и своите блиски секој ден

Постот не е диета и не треба да го започнувате за да ослабете. Постот не е храна – постот е молитва и воздржување.

Се мисли на воздржување од секаков тип: од лоши мисли, зли дела, преголеми количества јадење и пиење… Скромност е зборот што најдобро го опишува постот.

Ако сакате да постите – постете. Тоа не треба да биде ничија грижа. Не фалете се со овој факт, бидејќи така го повикувате искушението да бидете спречени во постот.

Најдобро би било пред постот да се помолите, да побарате сила од Бог да го издржите постот и да почнете полека – ден по ден. Не очекувајте од себе да го издржите целиот пост, туку почнете така што ќе постите првата недела, па ќе се причестите, па ако чувствувате сила, продолжете втората недела, па причестете се.

Практикувајте го постот полека и без преголемо планирање. Секогаш кога ќе се причестите, ќе имате чувство на победа, бидејќи сте се победиле себеси. Сте ја победила својата слабост кон храната, озборувањето, лошите мисли, лошите дела…

Сте ги победиле сите пречки и сте издржале цела една недела во чистота и мир. Дозволете си да бидете победници. Никој не мора да знае дека сте победници, така вашата победа ќе биде поголема.

Следнава приказна нека ви биде водилка за постот:

„Една жена оставила голема сума на пари во некој манастир. Кога се вратила дома, во своето село, се фалела наоколу колку пари оставила таму. Легнала вечерта да спие и сонувала како светецот на манастирот ѝ ги враќа парите со зборовите дека не му требаат тие пари.

Утредента се разбудила и ги нашла парите под перница. Била одбиена од светецот и долго го молела за прошка.“

Оваа приказна нека ви послужи како поука дека не треба да кажувате дека постите, туку едноставно треба да го правите тоа. Ако некој ве праша дали постите, потврдете, но не навлегувајте во детали, за да не ви биде игнорирана таа „жртва“, бидејќи на крајот од денот, постите заради себе, а не заради другите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.