Ако на жена ѝ подарите орхидеја за 8. март, еве што ѝ порачувате со тоа: Бидете внимателни, тоа воопшто не е наивно!

Значењето на орхидејата

Денес е Денот на жената, а доколку се одлучите да ѝ подарите орхидеја на посебната жена во вашиот живот, еве што ќе ѝ порачате со тоа

Последниве години орхидеите им се омиленото цвеќе на повеќето дами, поради што тие станаа најпопуларниот избор за Денот на жената, додека каранфилот падна во втор план.

Мажите ширум нашата земја и овој 8. март со задоволство ќе одберат орхидеја за својата сопруга, мајка, сестра, па и колешка. Но пред да се одлучите за ваков чекор, дали го знаете значењето на ова цвеќе?

Називот „orchis “ е грчки збор и значи тестис! Името нема никаква врска со формата на цветот, туку станува збор за формата на неговиот корен, за којшто старите Грци верувале дека може да помогне во одредувањето на полот на нероденото дете.

И во древна Кина орхидејата важела за моќен цвет што гарантира големо и здраво потомство. Благодарение на сето ова, овој аристократски цвет на Истокот продолжил да важи за билка што најчесто им се подарува на младите двојки кои очекуваат деца.

Орхидејата е симбол на изобилство, луксуз и богат начин на живот.

Често може да се слушне дека орхидеите се идеален цвет за оние што поседуваат необична убавина, но истовремено, претпочитаат едноставност, умереност и поседуваат вродена смисла за дизајн и естетика.

Значењето на цветот и бојата на орхидејата:

Ако орхидејата е сина, на жената ќе ѝ испратите порака дека таа за вас претставува раритет, уникат и единствено битие. Таа е симбол на љубовта, но во комбинација со сината боја, симболизира и спиритуалност, па тоа значи дека станува збор за несекојдневна врска, нешто што не се наоѓа толку често.

Од друга страна, треба да се одлучите за бела орхидеја доколку на жената сакате да ѝ испратите јасна порака која гласи „драга си ми“, бидејќи таа симболизира убавина и елеганција, а поседува и доза на невиност што не обврзува.

Спротивно на тоа, црвената ќе ја нагласи вашата страст, одлучност, истрајност и нескриена љубов, додека нејзините посветли тонови, како што е розовиот, го ставаат акцентот на среќата и радоста што ве исполнува додека поминувате време со таа личност.

Доколку сакате некому да му доделите титула на најдобар, посебен пријател, подарете жолта орхидеја, бидејќи токму таа е симбол на пријателството, но и на новите почетоци. Од друга страна, орхидеите во боја на лаванда обично им се подаруваат на мајките, но и на сите жени кои се олицетворение на елеганцијата, грациозноста и женственоста.

Придушените тонови на овој цвет, како што е виолетовиот, се поврзуваат со авторитетот, почитта и восхитот, па можете да ѝ го подарите на жената што ја сметате за ваш пример или на некоја угледна личност.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.