„Сопругот ми даде подарок за 8. март, а јас првпат занемев од шок“: Ова би ја воодушевило секоја жена!

Кој е најдобриот подарок за 8. март?

Ако сте се прашувале кој е најдобриот подарок за 8. март, оваа жена го дава вистинскиот одговор на тоа прашање

Благодарение на Холивуд и добриот маркетинг, Меѓународниот ден на жената стана глобален феномен, а подароците за дамите се подразбираат, барем така мислела оваа жена, која уште од детството се обидувала да ја сфати поентата на фамозниот 8.март. Прочитајте ја нејзината исповед во продолжение:

„Ги гледав мајка ми, тетка ми, вујна ми и баба ми како особено се дотеруваа за овој ден. Добиваа еден куп подароци и цвеќиња, а јас никако не сфаќав зошто само еден ден во годината е резервиран за подароци кои прават жената да се чувствува како божица.

Не сакав да го прифатам тоа, а себеси си ветив дека секогаш ќе се трудам секој ден да се чувствувам како божица. Никогаш не прифаќав помалку од тоа, а не ни добивав подароци за 8. март. Интересно е што сериозната компанија во која работам, не испраќа ниту осмомартовска честитка, а за подароци и да не зборувам.

А потоа, дури во 40-тите првпат добив подарок од мојот сопруг. Тоа беше можеби првиот пат да занемам од шок, делумно поради фактот што добив подарок, делумно поради самиот подарок.

Малото кутиче со големина на телефон и црвената панделка преку него навестуваше дека во пакетчето има некое скапо парче накит. Меѓутоа, во него имаше нешто многу повредно. Во малото пакетче имаше грижа и љубов. Очите ми се насолзија од радост.

Тоа беше ваучер за систематски преглед. Тоа го добив од мојот сопруг, кој со години гледа колкав товар носам на грбот и колку се занемарувам себеси кога станува збор за моето здравје. И колку и да му се чини некому овој подарок смешен, мене ме воодушеви. Има ли нешто поубаво од тоа кога некој се грижи за вашето здравје? Мене токму тој подарок ме научи дека јас сум таа што треба повеќе да се грижи за своето здравје.

За мене, тоа е совршениот подарок што може да го добие една жена, без оглед на годините. Затоа што, козметичките третмани, луксузните чанти, обувки и фустани, не можат да го заменат здравјето.“

Што мислите вие за ова? Како би реагирале кога би добиле ваков подарок од саканиот?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.