Мртвото тело на Мерилин Монро ги шокирало погребалните работници: Фотографиите се брутални, а сите ги изненадил детаљот на нозете!

Како изгледало телото на Мерилин Монро по смртта?

На социјалните мрежи се појавија фотографии кои наводно прикажуваат како изгледало телото на Мерилин Монро по нејзината смрт

И покрај тоа што поминаа повеќе од 60 години од смртта на познатата актерка Мерилин Монро, контроверзиите околу нејзината смрт не стивнуваат. Имено, според официјалната верзија, актерката извршила самоубиство, но одредени детали од истрагата покренале разни шпекулации.

Сега на социјалните мрежи кружат фотографии кои наводно го прикажуваат нејзиното мртво тело, на кое има видливи модрици. Меѓутоа, не е официјално потврдено дека тоа на фотографиите навистина е актерката, па можно е да станува збор за Фотошоп. И покрај тоа што нема официјална потврда за спорните фотографии, она што му иде во прилог на тоа дека фотографиите навистина ја прикажуваат актерката, е исповедта на погребалните службеници кои го опишале нејзиното тело до детали.


Имено, организаторот на погребот, кој помогнал да се подготви телото на Мерилин Монро за погребот, открил морничави детали за состојбата на актерката откако била пронајдена мртва. Ален Абот и Рон Хаст напишале книга во која се присетиле на тоа што се случувало тој 5. август.

Се сетиле дека полицијата ги викнала да дојдат во куќата на славната актерка, а Абот тврдел дека нејзиното тело било покриено со виолетови дамки.

„Беше тешко да се поверува дека тоа е славната убавица Мерилин Монро. Изгледаше како просечна повозрасна жена, која не се грижела премногу за своето тело. Очигледно е дека околностите во кои починала значително го влошиле нејзиниот изглед. Кога некој ќе почине, гравитацијата доведува до тоа крвта да се таложи на најниската точка од телото. Во нејзиниот случај, со оглед на тоа што починала со лицето свртено надолу, виолетовите дамки од крвта ѝ останале на лицето, а вратот многу ѝ отекол“, се присетил погребалниот работник.


Тој додал и дека било видливо дека веќе некое време не ја бојосувала косата, бидејќи се наѕирал кафен израсток.

„Нозете не ѝ беа депилирани, а усните ѝ беа многу испукани. Маникирот и педикирот исто така беа запоставени“, додал погребалниот службеник.

Абот, исто така, рекол дека меѓу нејзините лични предмети нашле и лажни гради, но не ги искористиле при подготовката на покојната актерка, туку нејзиниот градник го исполниле со вата.

Како причина за нејзината смрт се наведува предозирање со барбитурат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.