Огнените сестри се соблекле во бикини за да покажат колку ослабеле: Сепак, фотографиите покажале нешто друго

Ким и Клои Кардашијан се соблекле на плажа

Ким Кардашијан и нејзината помала сестра Клои се појавиле на плажа, но не за да уживаат туку за да работат

На Интернет осамнаа фотографии од Ким Кардашијан и Клои Кардашијан, затегнати и прекрасни на плажа. Облечени во бикини со леопардски дезен, со накит и дискретен маникир, сестрите изгледале како да дошле да се одморат и да ги наполнат батериите, но вистината е дека секој нивен чекор го следела екипа на фотографи, кои внимавале на секое нивно влегување и излегување од вода.

Сестрите очигледно промовирале некој од своите многубројни брендови. Ким носела каубојски шешир, што може да се смета за нов тренд откако Бијонсе сними кантри албум.

Од друга страна, Клои носела долга марама на главата, заврзана во пиратски стил, додека на себе носела едноделен костим за капење.

Со години се зборува дека сестрите се консументи на новиот лек за слабеење, но вистината е дека напорно вежбаат за да имаат мускулесто и затегнато тело.

Изгледа дека им успеало тоа.

5 луди работи што ги прават Кардашијанките за да ослабат: Тие се подготвени на сè!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.