5 луди работи што ги прават Кардашијанките за да ослабат: Тие се подготвени на сè!

Ова не е баш нормално

Ким Кардашијан симнала повеќе од 20 кг во последниве 2 години, а начинот на којшто ја постигнала посакуваната тежина е малку бизарен

Ким и Клои Кардашијан се познати по своето драматично слабеење. Од тренирање 6 дена во неделата па сè до држење ригорозни диети, овие сестри имаат направено сè за да постигнат совршен изглед.

Иако се трудат да го поправат својот имиџ, многумина сметаат дека повеќето нарушувања во исхраната во Америка произлегуваат токму од сестрите Кардашијан/Џенер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Се верува дека сестрите Кардашијан/Џенер поставуваат нереални стандарди за убавина што никој не може да ги исполни.

Ви ги откриваме петте најлуди работи што ги правеле сестрите за да намалат килограми:

1. Тренерки за слабеење

Ким Кардашијан првпат го открила овој уникатен начин на слабеење откако го родила својот син Сејнт во 2016 година. Ослабела повеќе од 27 килограми и тоа користејќи ја тренерката „Мис Елиот“, која многумина ја нарекуваат и „костим-сауна“, бидејќи во неа телото ненормално се поти.

2. Екстремна диета

Клои Кардашијан практикува диета без млечни производи и со ниско количество на јаглехидрати. Нејзината исхрана вклучува протеини и јаглехидрати пред вежбање, а за ручек јаде пилешки гради без кожата на жар, зеленчук, ориз и сладок компир. Нејзината вечера е лесна, со парчиња риба на жар, зелена салата од листест зеленчук со семки од сончоглед и прелив од оцет. За десерт јаде само парче овошје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

3. Чај за рамен стомак

Познато е дека двете сестри Кардашијан консумираат чај за рамен стомак. Овој чај им е замена за еден оброк, што значи дека наместо храна, тие пијат чај. Иако Клои дури и го рекламирала чајот што „заменува оброк“, се смета дека оваа напивка е исклучително опасна, бидејќи нејзината консумација е забранета.

Од друга страна, Ким промовирала извесен шејк за слабеење, но и двете сестри ги повлекле рекламите откако многу корисници ги критикувале што рекламираат неиспитани производи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

4. Корсет за струкот

И Ким и Клои Кардашијан носеле корсет што го намалува струкот, како и нивната помала сестра Кајли Џенер. Тие гарантирале за ефикасноста на овој производ кој ја стеснува половината и дејствува така што се залепува за стомакот и го вовлекува. Меѓутоа, по направеното истражување, било соопштено дека истиот тој корсет може да го отежни дишењето, да предизвика жиговина и дигестивни нарушувања, па сестрите престанале да зборуваат дека го носат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

5. Вежбање

Ким е позната по суровите и напорни тренинзи, со цел да ослаби. Таа секој ден, шест дена во неделата, станува во 6 часот наутро за да вежба. Со цел да ја намали тежината, таа се фокусира на кардиотренинзи и тренинзи за сила.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.