Флексибилност во зрелоста: Најдобрите вежби што секој може да ги направи!

Ова се најдобрите вежби за флексибилност доколку сте во зрелите години!

Флексибилноста и мобилноста се она што гарантира дека ќе уживаме во нашите животи дури и кога ќе почнеме да старееме. Но, како да ja зачувате?

Лошата подвижност може значително да влијае на квалитетот на нашиот живот, што ќе ја отежне секоја работа од перење алишта до чистење на домот.

Од 2002 до 2011 година, бразилските истражувачи следеле 2.000 луѓе на возраст од 51 до 80 години кои учествувале на тест кој барал од нив да седнат на подот, а потоа повторно да станат, без да ги користат рацете. Во текот на следните девет години, оние кои паднале на овој „тест за флексибилност“, без разлика на возраста, имале пет до шест пати поголеми шанси да умрат порано.

Затоа, добрата мобилност е клучна за добар живот, особено додека старееме. Со мали секојдневни движења кои го помагаат нашето држење и нашата флексибилност можете да живеете поквалитетен живот.

Најдобрите вежби за флексибилност во зрелоста:

Допрете ги прстите на нозете

Можеби мислите дека сè уште сте флексибилни како порано, но вашата подвижност е намалена. Обидете се да се наведнете и да ги допрете прстите додека стоите. Ако имате потешкотии, седнете на стол со исправен грб и кренете ја ногата на другата столица. Со мирно и лесно движење, со исправен грб, истегнете се кон стапалата.Останете така 30 секунди. Повторете со другата нога. По една недела вежбање, обидете се повторно да ги допрете стапалата додека стоите – ќе се изненадите!

Рацете зад столот

Ова е реченица која ја слушаме (и ја кажуваме) многу често. Не заборавајте да седите со исправен грб. Ако можете, фатете ги рацете назад и обидете се да ги споите дланките зад столот. Ќе потрае некое време, но ова едноставно движење е меѓу најдобрите вежби за флексибилност во зрелоста.

Седете до ѕидот

Потпрете се на ѕидот, а потоа раширете ги стапалата во ширина на колковите. Лизгајте по ѕидот полека додека не сте во седечка положба, додека колената не се под агол од околу 90 степени. На овој начин се активираат многу мускули, а истовремено се зголемува и силата во нозете.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.